Спинувана изјава на Јанева
Објавено во Рецензии
on 16 - 12 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: КАТИЦА СО НОВО КРИВИЧНО ДЕЛО: Го прекрши предизборниот молк, агитирајќи за нејзината партија!]
Написот изнесува неточни информации и целосно ја вади од контекст изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а сè со цел да ја прикаже пристрасна и политички обоена. Уште самиот наслов е наведувачки, тој ја претставува Јанева како партиска личност која е директно засеганата од изборите.
Линк до оригиналниот напис: КАТИЦА СО НОВО КРИВИЧНО ДЕЛО: Го прекрши предизборниот молк, агитирајќи за нејзината партија!
Датум и време на објавување: 11.12. 2016
Датум на рецензирање: 13.12.2016
Рецензент: Димитар Тануров
ИЗВАДЕНО ОД КОНТЕКСТ
Во главата на веста се тврди:
„Првиот човек на СЈО Катица Јанева денес по исполнувањето на нејзиното гласачко право реши да го прекрши изборниот молк и да направи ново кривично дело, наведувајќи кон програмата на една политичка партија“.
Со употребата на зборот „ново“ се алудира на тоа дека Јанева веќе има сторено и други кривични дела. Кривичните дела се казниви со закон и за нив се поведува судска постапка, а против Јанева досега, според информациите достапни во јавноста, не се води таков процес.
Во написот што го рецензираме има видеоматеријал, но не е транскрибирана изјавата на Јанева, со што се остава простор за манипулирање и за спинување дека специјалната обвинителка го прекршила Изборниот законик. Согласно овој закон, 24 часа пред изборите и на самиот ден на изборите, медиумите не смеат да емитуваат политички изјави и да презентираат партиски активности, а политичарите, носителите на функции, јавните личности, но и партиските членови и граѓаните не смеат да агитираат кај други лица и да сугерираат за кого треба да гласаат. Затоа е важно во текстот да има и запис од изјавата Јанева, за да може читателот веднаш да види што таа точно кажала. А еве што изјави тогаш Јанева:
„Верувам дека иднината на Македонија е во рацете на граѓаните на Република Македонија и верувам дека пратениците кои ќе бидат нови членови на Собранието ќе ја сфатат неопходноста за продолжување на мандатот на СЈО и дека неговата работа треба да продолжи, за доброто на сите граѓани на Република Македонија“, изјави Јанева.
На прашањето дали очекува поддршка кој било да дојде на власт, Јанева вели: „Апсолутно, да, како и досега што имам поддршка, без разлика што некои изјави не одат во контекст на нашата работа, но сметам дека тоа е само шпекулација“.
Од нејзиниот исказ јасно се гледа дека Јанева во ниту еден момент не алудира на политичка партија, што значи дека нема кршење на Законот (како што се тврди во написот).
Текстот се коси со професионалните стандарди, според кои новинарот треба да објавува точни, проверени информации, да не прикрива суштински податоци и да не фалсификува документи (член 1 од Кодексот на новинарите). Исто така, Кодексот сугерира „известувањето од политичките процеси, особено од изборите да биде непристрасно и балансирано“, а новинарот да обезбеди и „професионална дистанца од политичките субјекти“ (член 14).
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови