verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спин со „докази“ од „Фејсбук“

on 17 - 02 - 2017       

puls 24

[Рецензија: Американската амбасада финансира и организира тајни координативни средби на соросоидните организации]

 

Имаме текст кој со употреба на неофицијални извори на информации прави обид за спин со јасна цел – дискредитација на невладина организација, дипломатско претставништво и на политичка партија. Недостигот од официјални ставови од посочените институции укажува на несеопфатност, а коментарите што се поврзуваат без конкретни докази укажуваат на едностраност со силен сомнеж за политичка пристрансост.

Датум и време на објавување: 16.02.2017, 11:15

Датум на рецензирање: 16.02.2017

Рецензент: Александар Пешев

 

 

ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

Насловот е видно тенденциозен и обвинувачки. Во текстот, наместо факти, имаме пример за класично спинување на информации објавени од нерелеватни извори, поточно од социјалните мрежи. Воведот е јасно коментаторски, продолжувајќи го трендот на насловот на редење на непотврдени информации.

„Младинскиот образовен форум (МОФ) е уште една од низата соросоидни организации, кои во текот на изминатите неколку години активно работеше во дослух со амбасадата на САД како на добивање на што повеќе грантови од УСАИД, така и во рамки на советувањата, писмата до амбасадорите и невладините, кои одработуваа во корист на СДСМ“.

Прашања што се поставуваат, а остануваат без одговор се следниве:

  • Како е утврдено дека посочената организација е „една од низата соросоидни организации“;
  • Каде се доказите врз база на кои се констатира дека во текот на изминатите неколку години МОФ работел во дослух на американската амбасада?;
  • Врз основа на кои факти се носи заклучок дека сите овие активности се во насока на одработување на СДСМ?

Неодстигот од  факти што би послужиле како одговор на овие прашања, укажува на јасен обид за дискредитација на посочената невладина организација, како и на дипломатското претставништво, кои во написот се поврзуваат со политичка партија и со една фондација, кои, пак, исто така, се дискредитираат:

„Малку веројатно е дека Амбасадата на САД во земјава немала информации дека МОФ во Охрид инструира соросови платеници за тоа како политички да делуваат во корист на СДСМ“.

Нема докази дека е направен обид да се контактира Амбасадата за одговор на ваквите јасни обвинувања. Констатациите се поддржуваат со објави од социјалните мрежи, кои, во согласност со професионалните стандарди, не треба да бидат единствен извор на информации во новинарски текст.

 

ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР

Тврдењата, наместо со факти, се поврзуваат по принципот на „теорија на заговор“ и освен од Амбасадата нема информации дека е побаран став ниту од Младинскиот образовен форум, ниту од СДСМ.  Текстот прави јасен обид за спинување:

„Всушност, поврзаноста на овие „случајности“ го отвара и сомнежот дали токму Американската амбасада покрај едукација на младите преку МОФ, всушност ги советувала т.н. „граѓани“ од соросоидните збирштини, да се легитимираат како претставници на граѓанството со што се оправдуваа акциите на трети лица, инволвирани во корист на СДСМ (одлагање на избори, легитимирање на измислените фантоми, медиуми кои водеа до Пржино…) се со цел што повеќе да се одложат превремените избори, а СДСМ и надворешниот фактор да има повеќе време да го подготви теренот?!“

Поврзаноста на „случајностите“ што се споменуваат не е поткрепена, нема официјални ставови и информации од посочените институции. Поврзувањето на активности на институции (без да се понудат факти за такво нешто), со употреба на неофицијални извори на информации,  укажува на јасен обид за спин. Дополнително, обидот за политизирање на активностите на невладина организација и на американската амбасада сведочи за политичка пристрансост на написот.

„На мешањето на амбасадата на САД во внатрешните работи на Македонија, преку отворање на фондот на УСАИД за соросоидните организации, се заинтересирани и голем број на влијателни конгресмени и сенатори од САД, кои најавија обемна истрага во работата на Амбасадорот Бејли“.

Имајќи предвид дека не е докажано оти Амбасадата на САД се меша во внатрешните работи на Македонија, имаме уште еден коментар, кој случајно или не, наликува на обвинувањата во прогласот на ВМРО-ДПМНЕ, што создава дополнителен сомнеж за политичката пристрасност на објавата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести