verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Советот за етика го осудува физичкиот напад, бара одговорност од Пешевски

on 16 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Советот за етика во медиумите на Македонија најостро го осудува физичкиот напад на вицепремиерот Владимир Пешевски врз сопственикот и уредник на интернет-порталот „Мактел“, Саше Ивановски.

Во соопштението, објавено на 16 јули 2015 година, Советот истакнува:

Како тело кое е одговорно за воспоставување на процесот на саморегулација во македонските медиуми, залагајќи се за што повисок степен на одговорност кај новинарите и за почитување на новинарските стандарди во нивното известување, се прашуваме – како истите да се наметнат во општество во кое носителите на јавна функција физички напаѓаат поради поставено прашање!?

За да се очекува новинарите да бидат максимално професионални и етични во своето известување, апсолутно дека треба да има демократска клима во која функционерите ќе бидат начисто со фактот дека трошат јавни пари и дека имаат обврска да даваат отчет пред јавноста.

Очекуваме господинот Пешевски да си поднесе оставка како чин на преземање одговорност и одлика на демократичност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести