verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Премногу дупки во приказната за „македонско сценарио во Америка!“

on 28 - 11 - 2016       

vecer

[Рецензија: Сорос плаќа демонстранти со 15 долари на час!]

 

Написот што е предмет на оваа рецензија прави невозможна компарација помеѓу САД и Македонија и ја нарекува „македонско сценарио во Америка“! Текстот тврди дека организации на Џорџ Сорос стојат зад протестите што се случуваат низ неколку американски градови по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Освен тоа написот се обидува да ја наметне тезата дека учесниците на протестите добивале 15 долари на час.

Насловната фотографија на текстот, на која во  фотошоп е измонтиран бизнисменот Џорџ Сорос на еден од протестите во САД, е тенденциозна и го манипулира читателот.

soros-plakja-demonstranti-so-15-dolari-na-chas-vecherЛинк до оригиналниот напис: Сорос плаќа демонстранти со 15 долари на час!

Датум и време на објавување: 21.11.2016, 18.30

Датум на рецензирање: 26.11.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ТЕНДЕНЦИОЗНИ И НЕПОТКРЕПЕНИ ОБВИНУВАЊА

„Продолжува македонското сценарио во Америка. Организациите на контроверзниот бизнисмен Џорџ Сорос преку огласи нудат пари доколку граѓаните излезат на протест и го спречат Доналд Трамп да седне на претседателската фотелја. Плаќањето на демонстранти беше пракса и за време на „Шарената револуција“ во Македонија“.

Како докази за ваквите тврдења, текстот нуди принтскринови од некои страници за кои вели дека се огласи, но тоа никаде не е покажано. На принтскриновите не се гледа за која веб-страница станува збор, ниту се гледа кој ги објавил огласите. Нема апсолутно никаков доказ дека станува збор за организации на Сорос,  ниту, пак, дека тој, наводно,  им поделил стотици милиони долари за да организираат протести против Трамп.

Написот изнесува тврдење дека американските медиуми ја пробиле шемата на Сорос и на неговите невладини организации, но на јавноста не ѝ е прикажено за кои медиуми станува збор ниту  ѝ е понуден цитат, линк или каков било доказ кој наводно е дел од анализата на американските медиуми.

Освен дека ја пробиле шемата на Сорос, текстот тврди дека американските медиуми ги споредувале протестите во САД со тие во Украина, Албанија, Бугарија но и во Македонија. Ниту во овој дел не е јасно прикажано кои се медиумите што правеле вакви споредби што го прави тврдењето прилично сомнително.

Во напишаното се вели дека имало и „вибер-кампања“ и дека на тој начин на Американците им стигнувале понуди за вработување. Ова е целосно шпекулативно и личи на лажно тврдење затоа што нема доказ дека такви пораки навистина биле испраќани.

Како протестите во САД, така и протестите на „Шарена револуција“ се поврзуваат, без докази, со бизнисменот Џорџ Сорос. Уште со самиот почеток на протестите во Македонија, дел од провладините медиуми наметнаа теза дека „озогласениот“ Сорос ги плаќа демонстрантите, без фактички да ги потврдат тезите.

 

НЕТОЧНИ И ИЗВРТЕНИ ТЕЗИ

Написот прави паралела и со новиот проект на УСАИД за кој тврди дека ќе поддржува, организира и ќе финансира протести во Македонија и тоа ни помалку ни повеќе со еден милион евра.

„Од УСАИД овој пат не се транспарентни и за разлика од претходно не објавуваат колкава сума на пари преку фондот „Еаст вест менаџмент институт“ ќе се поделат во Македонија. Според неофицијални информации на „Вечер“ се работи за сума која надминува еден милион долари. Како и претходно парите ќе се насочат за „граѓански активизам“ односно за организирање на протести“.

Овој дел од текстот е сосема неточен и ги испревртува тезите затоа што со овој проект на УСАИД никаде не е предвидено финансирање на протести туку претставува петгодишна иницијатива за поддршка на македонскиот граѓански сектор и на младинските организации кои ги вклучуваат граѓаните, приватниот сектор и владините институции во одлуките за прашања од јавен интерес.

„Преку Проектот за граѓанско учество, младите и граѓанските организации ќе стекнат знаење, мотивација, вредности и ќе развијат вештини кои ќе им овозможат активно да се вклучат во дијалогот со власта и со приватниот сектор, во акции кои ја промовираат добросостојбата во нивните заедници – вели директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалес“.

На крајот текстот коментаторски завршува со прогноза и со тврдење дека невладините организации ќе ги искористат парите за организирање насилни протести.

Надвор од сите правила и принципи на Кодексот на новинари, текстот тенденциозно ги манипулира читателите со извртување тези и со давање површни и неточни констатации. Без никакви потврди на изнесените тврдења ова е само уште еден во низата коментароски, еднострани и нагласено тенденциозни текстови.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести