verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сопружниците анестезиолози не се од „Систина“, туку од САД

on 14 - 04 - 2020       

[Рецензија: ФОТО: Прегратката на сопружниците анестезиолози од Систина испраќа моќна порака до сите нас]

Портaлот „Локално“ на 13.04.2020 година објави фотографија од двајца анестезиолози облечени во заштитна опрема, за кои тврди дека се вработени во приватната болница „Систина“ и дека ги третираат најризичните пациенти со коронавирус. Но, проверката покажа дека станува збор за лажна вест.

Линк до оригиналниот напис: Прегратката на сопружниците анестезиолози од Систина испраќа моќна порака до сите нас

Датум и време на објавување: 13.04.2020

Датум на рецензирање: 14.04.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Во текстот што е предмет на оваа рецензија се тврди:

Двајца анестезиолози, сопружници, кои работат во Систина со најризичните пациенти, испратија порака да се остане дома, на овој начин:

Овие две лица се маж и жена.Тие се двајца анестезиолози кои работат директно со најкритичните лица заболени од Ковид-19. Ова е најблиску што можат да бидат еден до друг пред да започне смената и потоа, веќе немаат контакт. Многу медицински лица се одвоени од своето семејство за да ги заштитат од овој вирус. Мислете на нив. #ОстаниДома за побрзо се да заврши. И мислете позитивно, се ќе биде во ред , пишува на Фејсбук страната на болницата.

Сепак, се покажа дека информацијата не е точна.

Фејсбук објавата е постирана на фејсбук страницата на „Систина офталмологија“. Но, она што го има во нивната фејсбук објава, а е пропуштено во веста, е дека анестезиолозите сопружници се од САД:

Овие лица се маж и жена

Тие се двајца анестезиолози кои работат директно со најкритичните лица заболени од Ковид-19, во САД. Ова е најблиску што можат да бидат еден до друг пред да започне смената и потоа, веќе немаат контакт. Многу медицински лица се одвоени од своето семејство за да ги заштитат од овој вирус.

Мислете на нив. #ОстаниДома за побрзо се да заврши. И мислете позитивно, се ќе биде во ред, гласи оригиналната фејсбук објава на „Систина офталмологија“.

Доколку фотографијата  се побара на Гугл ќе се види дека таа е многупати објавувана во неколку светски портали, но и на социјалните мрежи. Како што објави хрватски „Индекс“, на фотографијата се прикажани медицинскиот техничар Мохамед Џамал Дин и неговата сопруга.

Според ова, може да се заклучи дека веста на „Локално“ е лажна. Таа е напишана така за да привлече повеќе читаност и кликови на социјалните мрежи со тоа што ќе пренесе  наводна „емотивна порака од анестезиолози од Систина“. Со тоа, грубо е прекршен Етичкиот новинарски кодекс, во кој јасно пишува дека новинарите треба да објавуваат точни и проверени информации.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести