verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со скандалозен напис не се известува за скандали!

on 23 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #258 - 'SKANDAL_ Aktivistët e BDI-së në Hasanbeg_ Nëse na jepni votat, ua sjellim bagerat I Gostivari24_com' - gostivari24_com_skandal-aktivistet-e-bdi-se-ne-hasanbeg-nese

 

Напис: Скандал/ Активистите на ДУИ во Сингелиќ (Хасанбег): Ако гласате за нас, ќе ви донесеме багери

Еден невиден скандал се случува во Скопје, каде и по пет дена од поплавите жителите сè уште се сред ужасот предизвикан од полавите.

Жителите на Сингелиќ (Хасанбег) алармираат дека активистите на ДУИ во овие албански населби им велат на жителите дека доколку сакаат да им ги исчистат куќи, треба да ги убедат дека ќе гласаат за ДУИ, и дури потоа ќе им ги однесат потребните средства за чистење на нивните куќи, како багери итн. Тие ја коментираат веста дека ова не се осмелил да им го направи ни Чубриловиќ, а ни Милошевиќ.

Жителите, кои ги осудуваат овие случаи, за медиумите велат дека наскоро ќе понудат и видеозаписи – докази за овие страшни работи што ги прави партнерот на Груевски, ДУИ.

 

[Рецензија: Скандал/ Активистите на ДУИ во Сингелиќ (Хасанбег): Ако гласате за нас, ќе ви донесеме багери]

Манипулациите на партиите на власт со гласачкото тело се од особена важност. И, новинарот може јавно да постави сомнежи и дилеми. Меѓутоа, сомнежите или заклучоците за прашањето што го третира треба да ги аргументира на прецизен начин, со извори и со факти, за информацијата да стигне до јавноста, комплетна, потврдена и објективна.

downloadЛинк до оригиналниот напис: „Скандал/ активистите на ДУИ во Хасанбег: ако гласате за нас, ќе ви донесеме багери

Датум и време на објавување: 12.08.2016

Датум на рецензирање: 17.08.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Новинарскиот производ што го рецензираме тврди дека информира за еден скандал, но истиот не го потврдува со ниеден аргумент. Во текстот се вели дека на жителите на Сингелиќ (Хасанбег) им се вели дека „доколку сакаат да ги исчистат нивните куќи, треба да ги убедат дека ќе гласаат за ДУИ“.

„Жителите на Сингелиќ (Хасанбег) алармираат дека активистите на ДУИ во овие албански населби им велат на жителите, дека доколку сакаат да им ги исчистат куќите, треба да ги убедат дека ќе гласаат за ДУИ и дури потоа ќе им ги однесат потребните средства за чистење на нивните куќи, како багери, итн. Тие ја коментираат веста дека ова не се осмелил да им го направи ни Чубриловиќ, а ни Милошевиќ“.

Авторот на текстот за погорните тврдења нема ниту еден единствен аргумент. Ниедна аудиоснимка од изјавите на жителите, ниту една напишана изјава или видеозапис. И да не зборуваме за невклученоста и недостигот од изјаснување на „обвинетата“ страна. Овие елементи би биле аргументи за тоашто авторот го посочува како скандал. Новинарската вистина е еднаква на збирка на факти. Исто така, и новинарската транспарентност се мери со факти.

Доколку се потврдеше овој скандал со една целосна, прецизна и потврдена информација, јавноста ќе добиеше реална слика за манипулативните политики. Во вакви случаи, наместо откривање на скандалозното однесување на партијата на власт, како што тврди содржината, скандалот оди како „автогол“ за самиот текст и за неговиот автор.

„Точноста на информацијата треба да се докаже колку што е можно повеќе. Доколку новинарот проценува дека непотврдената информација е од јавен интерес, тој е обврзан да ја објави, но истакнувајќи дека станува збор за непотврдена информација“, велат стандардите на новинарската етика.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

шпекулира без факти

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести