verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Слободни медиуми и слобода на изразување во Македонија

on 10 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански, Англиски

27-02-2014-7

Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен, партнер во Програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија, заедно со Амбасадата на Франција во Скопје, посвети два работни дена во февруари годинава за анализирање на слободата на медиумите и изразувањето во Македонија.

Првиот ден, 26 февруари, 2014 година, беше резервиран за тркалезни маси и дебата (организирана во соработка со фондацијата Метаморфозис) со француски и македонски експерти од областа на правото и новинарството. Заедно со јавноста, што главно се состоеше од новинари и експерти што работат во ова поле, експертите ја споредија слободата на изразување и медиумите во Македонија и во Франција, од гледна точка на правната пракса.

Француски експерти од организацијата Reporters without Borders (Репортери без граници)  се обратија до јавноста покажувајќи ја методологијата за нивниот најнов Светски индекс на слободата на печатот за 2014 година. Според резултатите, Македонија беше на ниското 123-то место, бележејќи огромен пад од 84 места во споредба со позицијата пред 4 години. Во текот на презентацијата беше очигледно дека македонските новинари се соочуваат со самоцензура, што е неприфатливо за земја-кандидат за членство во ЕУ. Тековната состојба во општеството, високите казни за новинарите и скорешното судење на еден македонски новинар, беа дел од причините за вжештените дебати со јавноста. Во споредба со француските медиуми, „кои се далеку од совршени“ како што наведоа француските експерти, Македонија сепак е многу далеку од слободата на говорот каква што би можела да биде прифатлива во европското општество. 

Оваа дебата опфати и други прашања во овој домен, а правниците, професорите и студентите на правни студии разговараа за ситуацијата во двете територии. Ова е трета конференција одржана во рамките на француско-македонското компаративно право, што се одржа во просториите на Правниот факултет во Скопје. Дебатата отвори некои нови гледни точки во однос на слободата на говорот и медиумите, споредувајќи ги двете територии, но и другите демократски општества низ историјата. Еволуцијата на слободната мисла и слободниот говор и начинот на кој се одразуваат, денес е нешто многу различно во Франција и Македонија. Дебатите се фокусираа на прашањето како да се обезбеди и развие слободата на изразување, како да се одржува и како да се избегне говорот на омраза на сите нивоа. Од правна гледна точка, иако регулирана со уредби и закони, тенката линија може (и лесно е) да се премине. Врз медиумите и информациите се влијаат општеството и политиката, како и технологијата преку алатките за друштвено вмрежување, на и надвор од интернет. Останува едно прашање: како да се обезбеди и да се развива таа слобода, како основно право на секое човечко суштество.

Двете конференции ги отвори г-ѓа Карен Роше, советник во Амбасадата на Франција во Македонија и г. Себастијан Ботро Бонтер, директор на Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен, како и г. Борче Давитковски, декан и професор на Правниот факултет во Скопје. Модератор на првиот настан беше Владимир Петрески, уредник на Сервисот за проверка на факти од медиумите. Еден од говорниците во дебатата на тема „Развој и перспектива на слободата на медиумите во дигиталната ера“ еден од говорниците беше и Филип Стојановски, програмски координатор во Метаморфозис и раководител на проектот Сервис за проверка на факти кој е дел од програмата на УСАИД за поддршка на независните медиуми во Македонија.

 

За повеќе информации околу темите на дискусија, говорниците и експертите, посетете ја веб-локацијата на Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен.

Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен е партнер на Програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија, координирана од ALDA. За повеќе информации во врска со човековите права и други компоненти за соработка во рамки на програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, посетете ја веб-локацијата на проектот.

 

Извор: alda-europe.eu „Free media and freedom of expression in Macedonia“

Претплатете се за најнови вести