verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија

on 9 - 10 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

755014-years-of-Civil-Medium

Цивил и Фондацијата Фридрих Еберт организираат дискусија на тема „Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија“ во среда, 15 октомври, во ГЕМ Клуб (Скопје, Стара Чаршија), со почеток во 11:30 часот.

Специјален гостин на овој настан е г. Кристијан Мир, Извршен директор на Репортери без граници Германија, кој ќе ги презентира наодите и ставовите на оваа тема.

Ги покануваме новинарите, уредниците, претставниците на граѓанското општество, експертите и активистите за човекови права, како и останатите релевантни засегнати страни и институции, да земат учество во оваа модерирана дискусија.

Медиумите се добредојдени да известуваат за овој настан и да ја пренесат оваа дискусија на пошироката јавност. Организаторите на настанот ќе подготват јавен извештај за наодите и заклучоците од дискусијата.

Претплатете се за најнови вести