verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Скопскиот аеродром не е затворен

on 16 - 03 - 2020       

[Рецензија: ЗАТВОРЕН И АЕРОДРОМОТ: Од скопскиот аеродром вратени 26 патници, странски државјани]

Поради тоа што состојбата со коронавирусот предизвикува огромно внимание и интерес кај читателите, како и поради тоа што станува збор за известување во време на пандемија, неопходно е да се известува прецизно, без грешки, без дезинформации и со точна терминологија. Во текстот што го рецензираме, насловот е фактички неточен и го наведува читателот да помисли дека нема никаква активност на овој аеродром.

Линк до оригиналниот напис: ЗАТВОРЕН И АЕРОДРОМОТ: Од скопскиот аеродром вратени 26 патници, странски државјани

Датум и време на објавување: 14.03.2020

Датум на рецензирање: 15.03.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Од особена важност е да напоменеме дека ваквото непрецизно и неточно информирање може да создаде забуни кај граѓаните, затоа што непосредно по неговото објавување Владата донесе нова мерка со која охридскиот аеродром Св. Апостол Павле се затвора комплетно, во рок од 48 часа од донесувањето на мерката на Владата. Поради тоа што мерката за целосно затворање се однесува на охридскиот аеродром, сосема е возможно читателот да се дезинформира и да помисли дека тоа се случило и со скопскиот аеродром. Неопходна е целосна неприкосновена прецизност во терминологијата.

Забраната на влез на територијата на земјава според владината одлука која е на сила во моментот на објавување на рецензираниот текст се однесува на земјите исклучиво од висок ризик за Ковид 19. Поради тоа, не е точно дека аеродромот е затворен за сите, како што сугерира насловот, туку само за овие патници. Подоцна мерката е проширена и за странските државјани од земјите со среден ризик. На македонските државјани, пак, кои се враќаат од земјите со среден и висок ризик од ковид 19 им е дозволено враќањето, меѓутоа мора да потпишат изјава под полна кривична и материјална одговорност дека ќе одат во 14 дневна самоизолација за да се утврди дали ќе ги пројават симптомите по инкубацискиот период на вирусот.

Самата вест, ако не го земаме предвид насловот кој дезинформира, е направена коректно, согласно препораката да се користат официјални извори на информирање, во случајов Министерството за здравство. Во содржинскиот дел нема никаков проблем.

Известувањето во период на пандемија според етичкиот Кодекс на новинарите мора да биде ослободено од сензационализам, насловите не треба да бидат напумпани со непостоечки мерки. Не тврдиме дека ова е направено со умисла во конкретниот случај, туку само ја потенцираме важноста на прецизноста.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести