verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Скепсата е составен дел на новинарството

on 20 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

lider

[Рецензија: Самоуправувачки велосипед што го фасцинираше светот]

Што ви говори за професионалноста и за посвeтеноста кога еден медиум ќе објави првопарилска шега на 9 јуни и тоа како вистина?

Во океанот од медиуми и од информации денес, треба да се биде прилично вешт за да не се проголта јадицата на која има убава, шарена, мирислива мамка која ветува многу кликнувања.

Понекогаш за да се избегне таквата мамка, потребно е малку повеќе знаење, вештина, професионалност и – љубопитност и скепса. Овие две последни особини денеска најмногу им недостигаат на медиумските професионалци и на нивните медиуми.

Првоаприлската корпоративна шега на „Гугл“ за самоуправувачкиот велосипед со далечинска контрола е толку добра што навистина ја исполни својата намена. Да се пошегува на 1 април. И тоа само на тој ден и така да си направи глобална реклама каква што може само да се сонува.

Ех, навистина, по тоа следуваа реакции дека шегата не била добра, дека ја преминала црвената линија на „лагата“ во односите со јавноста. Но, во индустријата за односи со јавноста тоа е пресметан ризик, доколку „добивката“ од оваа шега е поголема од штетата.  

06162016-Lider-Gugl-BikeЛинк до оригиналниот напис: Самоуправувачки велосипед што го фасцинираше светот

Датум и време на објавување: 09.06.2016, 09:53

Датум на рецензирање: 20.06.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

„ПРОГОЛТАН“ МАМЕЦ

Така функционира светот на корпоративните односи со јавноста. Се смета на нискиот праг на знаење и на сомничавост кај целните групи. Но, новинарите и медиумите не спаѓаат во тие целни групи. Како што рековме, нив треба да ги краси сомничавоста, скепсата и, најмногу од сѐ, љубопитноста. Љубопитноста оди рака под рака со немрзеливоста. Мрзеливиот новинар, без љубопитство, нема да провери една ваква вест и – ќе ја голтне мамката.

А само наједноставно пребарување на „Гугл“ (јасно ви е сега за што станува збор!), ќе ви го даде одговорот: дека се работи за првоаприлска шега. Или, баре, да го изгледале видеозаписот до крај. На последниот телоп на видеозаписот пишува „Достапно само на 1 април“.

Освен тоа, содржината за оваа информација е земена од канал на „Јутјуб“ со наслов „Funny Videos & Popular Videos“. И тоа би требало да биде доволно за новинар со чувство за предострожност.

Како и да е, нашиот читател што ја предложи оваа содржина беше сосема во право кога го направи тоа. Треба да ги препознаваме медиумските пранкови и рекламните мамци.

Мора да се биде критичен при изборот на изворот и да се провери дали се точни доставените информации. Добра практика е да се настојува при избор на изворите тие да бидат разновидни и релевантни.

Инаку, оваа првоаприлска шега ја „проголтаа“ повеќе медиуми во Македонија. Но, не само во Македонија туку и во светот.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

лажни информации

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести