verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

СИТЕ МАСКИ НА „НОВИНАРСТВОТО“: Избор написи на Зоран Бојаровски во 2016 година

on 11 - 01 - 2017       

 

Претепани новинарски правила (16.12.2016)

Уште една куса лекција: Кога станува збор за известување за дејства или настани во кои има загрозување на човечкиот живот или неговата физичка и друга безбедност, најрелевантни, освен примарните извори како што се очевидците, се таканаречените овластени извори. Тоа се, најчесто, полицијата и лекарите.
Значи, мора да се биде критичен при изборот на изворот и да се провери дали се точни информациите на кои се повикуваат новинарите.

 

Тројански коњ (06.12.2016)

Кога велиме интересен, не го велиме тоа заради тоа што е добар или иновативен, или оригинален. Напротив, тој „документарец“ е спакувана рециклирана содржина од веќе познати поенти од кампањата против Џорџ Сорос, кој кај нас се идентификува со Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија. Веќе многу пати џвакана и изџвакана гума за тегавење.

 

Внимавај да не ти пукне меурот! (07.11.2016)

За да ја воспостават целосно и беспоговорно својата власт, денешните автократи не мора да забрануваат. Само треба да создаваат привид на големо количество информации кои се без суштина и без контекст. Алексис де Токвил уште во средината на 19 век, во неговото дело „Демократијата во Америка“, напиша дека „единствен начин да го неутрализирате влијанието на медиумите е да го мултиплицирате нивниот број“. Не ви звучи ова исклучително познато?

 

Конфронтирачко интервју не е исто што и агресивно интервју (16.10.2016)

Стилот на интервјуто е прашање на лична определба и на брендирање на кариерата на новинарот. Сè додека новинарот на ја продал сопствената душа за да прави нарачани, однапред подготвени интервјуа, прашањето на стилот е небитно.

 

Твитер-бранови за сурф-мајсторите на професијата (19.09.2016)

Атрактивните прес-конференции или настани се екстремно вирални. Тоа се брановите на кои сурфаат најголемите мајстори на професијата. „Твитер“ е совршената штица за суфање за тој предизвик.

 

Фушерска држава (12.09.2016)

Фуш насекаде околу нас. Од медиуми, преку „Скопје 2014“ и фушерска политичка криза, до објаснување земјотреси.

 

Како да се известува за природни катастрофи, а да не се прави медиумски профит (16.08.2016)

Новинарите треба да останат докрај професионални и на висината на задачата кога известуваат за природни катастрофи, да го знаат своето место и местото на сите други за време на стихиите и секогаш да ги предвидуваат нивните идни чекори, во согласност со развојот на настаните на теренот.

 

Е–ГЕНЕРАЦИЈА: Генерацијата што одбива да умре во тунелот на транзицијата (12.08.2016)

Ниту една генерација не го донела и нема да го донесе совршениот систем, но, секако, секогаш донесува подобар од претходниот. Тој циклус не смее да запре. Време е да се соочиме и да ѝ дадеме право на е-генерацијата.

 

Oд гoвoр нa oмрaзa дo нaсилствo имa сaмo еден чекoр (24.06.2016)

Судот и обвинителството востановија феномен на неказнивост, кој создаде правна несигурност кај граѓаните и висок степен на недоверба кон органите надлежни за спроведување на правдата во Република Македонија. Зборуваме за говор на омраза, мошне сериозна појава која продуцира насилство и дела од омраза.

 

Медиумите во Потемкин-демократијата (31.05.2016)

Демократските капацитети на поранешниот премиер не се истите како оние на Република Македонија и на еден сериозен дел од граѓаните на Македонија кои ја бојат „Шарената револуција“. Неосновано е да се тврди дека Македонија не може да биде модерна демократска и граѓанска држава.

 

Медиумите и спомениците на културата со политички припејд (12.05.2016)

Таа недвосмислена разлика меѓу вредностите што ги промовира „Скопје 2014“ и вредностите што ги застапува граѓанството, кое веќе четири недели гласно и многу видливо го изразува своето незадоволство од политичката номенклатура, која покрај идентитетскиот инжинеринг што се обиде да го спроведе со овој проект, на својата сметка го носи и бремето на сериозна политичка корупција, измами и политичко и физичко насилство.

 

Линч во живо: Медиумите и презумцијата на невиност (29.03.2016)

Каде се спојуваат почитувањето на правата на осомничените и правото на јавноста на знае? Дали медиумите се асистенти на џелатите за политичка егзекуција?

 

Черешна се од корен корнеше, медиум се од партија делеше (24.02.2016)

Кризата во медиумскиот систем е облечена во одората на политичката инструментализација, која произлегува од воспоставениот однос на клиентелизам. Затоа, разделбата оди тешко. Ама, таа е неминовна.

 

Претплатете се за најнови вести