verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Што е поважно во новинарството – стандардите или кликовите?

on 21 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-41-download1-png-1349x3965_-http___proverkanafakti-mk_wp-conte

 

Напис: Еве што им е важно на министрите на ДУИ (Фото)

Сликите што ќе ги гледате во продолжение и кои се направени за време на интервјуто на министерот за образование и наука од редовите на ДУИ – Пиштар Лутфиу, најдобро зборуваат за неговите приоритети и грижи.

Во време кога образованието на Aлбанците се соочува со многубројни инфраструктурни, кадровски и административни проблеми, вниманието на министерот е концентрирано на комбинирање на вратоврските, кои заземаат главно место на неговата работна маса.

 

[Рецензија: Еве што им е важно на министрите на ДУИ (Фото)]

Министерската позиција е многу сериозна и многу важна. Одговорноста на министерот за работата што ја врши е секогаш од јавен интерес. Затоа, новинарот како чувар на овој интерес, од министерот треба да бара отчет за работата и за неговите дела кои влијаат врз животот на граѓаните.

download

Линк до оригиналниот напис: (Линкот во меѓувреме е отстранет)

Датум на објавување: 14.09.2016

Датум на рецензија: 20.09.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Но, веста што ја рецензираме е тенденциозна. Наместо да бара отчет од министерот за неговата работа или, пак, да го пренесе неговиот став искажан на медиумите за прашања за кои тој е надлежен, тој преку една фотографија донесува заклучоци за тоа што е приоритет на Пиштар Лутфиу. Преку сликата на која се гледаат вратоврските на министерот, се прави вест и се доаѓа до заклучок дека менувањето на вратоврските, кои ги гледаме на сликата, е приоритет на кадрите на ДУИ.

„Во време кога образованието на Албанците се соочува со многубројни инфраструктурни, кадровски и административни проблеми, вниманието на министерот е концентрирано на комбинирање на вратоврските кои заземаат главно место на неговата работна маса“.

Оваа теза може да се протолкува и поинаку. Во време кога образованието се соочува со бројни проблеми, новинарот треба да бара одговори од министерот за неговите планови и механизми  за надминување на проблемите, а не да го фокусира вниманието на целата јавност на неговите вратоврски, правејќи притоа неаргументирани констатации.

Можеби присуството на овие аксесоари на масата на министерот за време на интервјуто за медиумите е гаф на тимот што се грижи за неговиот имиџ во јавноста, можеби и е доказ за неговото неискуство во односите со медиумите, но новинарот воопшто не се потрудил оваа тема да ја протолкува од оваа гледна точка, да побара мислење од експертите за протокол и за односи со јавноста и др. Можеби ќе беше поинтересно оваа тема да беше дел од рубриките за мода или, пак, дел од жолтиот печат. Но, ова не е случај со оваа содржина.

Ваквите информации значат несериозност и непочитување на новинарските стандарди. Оваа тенденција дава една поинаква слика во јавноста за новинарството. Вакви новинарски продукти не треба да имаат место во медиумите, затоа што на овој начин медиумот губи од довербата што ја ужива кај јавноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести