verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шекуларац почина лани, не на Бадник оваа година

on 10 - 01 - 2020       

[Замина фудбалската легенда: Почина Драгослав Шекуларац-Шеки]

Во текстот што го рецензираме е објавена вест стара една година. Драгослав Шекуларац Шеки почина лани на 5 јануари, а не на Бадник оваа година. Оваа стара информација беше објавена и од други медиуми, но потоа беше избришана.

Линк до оригиналниот напис: Замина фудбалската легенда: Почина Драгослав Шекуларац-Шеки

Датум и време на објавување: 06.01.2020

Датум на рецензија: 10.01.2020

Рецензира: Силвана Жежова

Легендарниот фудбалер на белградска Црвена звезда Драгослав Шекуларац, кој е роден во Штип, почина денеска во Белград. Популарниот Шеки беше еден од најдобрите дриблери во историјата на бившојугословенскиот фудбал. Играше во средниот ред.

Смртта на Драгослав Шекуларац која се случи на 5 јануари 2019 година, е претставена како да се случила сега на 6 јануари (2020). Ваквата појава на реобјавување на вести на ист датум, ама од лани и преклани, најчесто се должи на тоа што информацијата  се појавува на тајмлајн на „Фејсбук“, како потсетување што се случило на истиот ден годините претходно. Но, медиумот пред да објави е должен да ја провери вистинитоста, односно времето кога тоа се случило.

Ваквата практика на реобјавување на стари вести со нови датуми трае подолго време. Посебно тоа е забележливо кај информациите кои се однесуваат за хуманитарна помош за социјално загрозени лица, или, пак, за лекување.

Основно правило во новинарството за пишување на една вест, е да се даде одговор на прашањата: кој, што, каде, кога и зошто. Временската одредница е многу важна категорија, па, оттука и важноста да се провери кога одредена работа за која се пишува се случува, со цел да не настане забуна кај читателите, но и да се биде коректен во известувањето. Реобјавувањето, пак,  на стара вест е целосно непрофесионално и нема никаков јавен интерес.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести