verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шекеринска е добра пријателка со секој со кој се слика!

on 17 - 10 - 2016       

srten

[Рецензија: ФАТЕН ДРУГАРОТ-РАЗБОЈНИК НА ШЕЌЕРИНСКА: „Алфите“ во акција го уапсиле разбојникот и другар на Радмила Шеќеринска!]

 

Текстот е полн со  шпекулации, коментари, лажни информации и намерно меша различни настани, при што ја манипулира јавноста да оформи негативно мислење за заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Написот категорично тврди, иако без докази, дека Шекеринска, наводно, е добра пријателка со разбојник кој извршил грабеж во скопски Хром.

srtenЛинк до оригиналниот напис: ФАТЕН ДРУГАРОТ-РАЗБОЈНИК НА ШЕЌЕРИНСКА: „Алфите“ во акција го уапсиле разбојникот и другар на Радмила Шеќеринска!

Датум и време на објавување: 11.10.2016

Датум на рецензирање: 17.10.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

И ПОЛИЦАЕЦ И СУДИЈА

„Сторителот бил Ѓорѓи Филиповски инаку познат на полицијата по голем број на кривични дела, наркозависник и член на СДСМ. Судејќи по фотографиите, Филиповски е и добар пријател со потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска“.

Текстот целосно манипулира со вистинските факти и притоа се става во улога и на полицаец и на судија, па не само што го открива сторителот кој, инаку,  не ѝ е познат ниту на полицијата, туку истовремено и го осудува.

„На 10.10.2016 година во 19.30 часот во ЕИК-Скопје во 17.00 часот се јавила А.Г. и пријавила дека во маркет на ул.„Исаија Мажовски“ непознато лице извршило разбојничка кражба врз вработената. Сторителот влегол во маркетот и од касата одзел околу 25.000 денари. Кога го забележала вработената се обидела да го спречи, но истиот почнал да и се заканува и фрлил кон неа една лименка пиво, по што побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“.

Во написот е изнесено името и презимето на наводниот сторител, но во билтенот на Министерството за внатрешни работи нема ниту име и презиме ниту иницијали на разбојникот. Се поставува прашањето од каде и како во текстот е целосно откриен неговиот идентитет, кога тој  не ѝ бил познат и на полицијата?

Освен тоа, текстот тврди дека при разбојништвото една жена била повредена, а од билтенот на МВР јасно се гледа дека не станува збор за повреда туку дека разбојникот „фрлил кон неа една лименка пиво, по што побегнал“.

 

„ПРИЈАТЕЛСТВО“

Иако идентитетот на сторителот не е потврден од ниту една релевантна институција, сепак текстот не само што го прекршува правилото на презумција на невиност, туку и ја обвинува Шекеринска дека е пријателка со него, па ни помалку ни повеќе туку „добра пријателка“!

Ова е целосно непотврдена, манипулативна шпекулација. Во текстот се вели „судејќи според фотографиите“, но има само една фотографија од Шекеринска со некој човек. Ниту има потврда дека тоа е навистина истиот човек за кој се тврди дека е сторителот, а уште помалку дека е пријател на Шекеринска. Фотографија која не се знае ниту кога, ниту по кој повод е сликана, не може да биде доказ за пријателство. Една од работните задачи на заменик-претседателката на некоја партија е да оди на терен и да се среќава со многу луѓе по разни настани, конференции, трибини, митинзи, протести… На политичарите за време на такви случувања им се приближуваат голем број луѓе кои сакат да се сликаат со нив. Не значи дека сите тие им се блиски пријатели, како што манипулативно тврди написот.

Вака пласираната (дез)информација на најгруб начин го прекршува првиот член од Кодексот на новинари во кој се вели:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести