verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Сервис за проверка на факти во медиумите“ стигна до бројката од 20.000 „допаѓања“ на „Фејсбук“

on 3 - 12 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Logo-FB-SPFM-0987-098

Нашата читателка Мартина Несторовска пред четириесетина минути ни го обезбеди 20.000-тиот „лајк“ на фејсбук-страницата на „Сервис за проверка на факти во медиумите“

Сите Вам кои редовно нè следите во напорите да ги подигнеме новинарските стандарди во Македонија и да обезбедиме едукација која треба да помогне граѓаните да препознаваат и да избараат квалитетни и професионални новинарски производи во медиумите,

Ви благодариме.

Овие 20.000 допаѓања се постигнати во период од 18 месеци и се доказ за Вашиот интерес за овој проект. Ваква бројка на опфат на читатели за олку кус временски период немаат постигнато и голем број информативни портали, иако тие објавуваат и по 50, 100, па и повеќе содржини дневно, за разлика од нашите неколку рецензии, новинарски лекции и слично, кои ги објавуваме во текот на денот.

Нашата Фејсбук страница на албански јазик, пак, во истиот период има речиси 6.300 допаѓања, што исто го сметаме за успех. На албански јазик Сервисот објавува рецензии на написи публикувани во медиумите на албански јазик, а чие седиште е на територијата на Република Македонија, но и рецензии на текстови од македонските медиуми, новинарски лекции и анализи, кои од македонски се преведени на албански јазик, за и тие да стигнат до публиката чиј мајчин јазик е албанскиот, со цел подигнување на професионалните стандарди и во овој јазичен сегмент од новинарството во земјава.

Сервисот повремено врши преводи и на англиски јазик за потребите на меѓународната јавност, кога ќе оцениме дека некој од нашите написи има меѓународна компнента, односно би можел да биде од интерес на странската стручна и поширока јавност.

Редакцијата на „Сервисот“ и Фондацијата „Метаморфозис“ ѝ се заблагодарува и на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за поддршката без која целиот проект не ќе беше можен.

Ние ќе продолжиме и понатаму да работиме на постигнување на целите на проектот и на негово надградување за тој постојано да биде свеж, содржините во него да бидат интересни и читливи и тој да оптфати што е можно повеќе новинари, а сè со цел да се отворат што повеќе прашања и да се одговори на што повеќе предизвици со кои се соочува новинарската професија во Македонија денес.

До читање.

 

Фејсбук-страниците на Сервисот можете да ги најдете овде:

https://www.facebook.com/ProverkaNaFakti (македонски јазик)

https://www.facebook.com/VerifikimiIFakteve?ref=hl (албански јазик)

 

Претплатете се за најнови вести