verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сензационализмот за „лек“ е опасен отров

on 21 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Sok protiv rak

 

[Рецензија: СОК КОЈ ГО УБИВА РАКОТ: Готов за само неколку минути]

Сензационализмот во текстови за човековото здравје и за третирање медицински состојби е неодговорен и штетен. Не е етички медиумите да шират информации за наводни откритија на лекови, што создаваат лажна надеж. Тоа може да има далекусежни последици врз пациентите, па дури и да ги натера да престанат со својата препишана терапија од лекар.

Одговорното новинарство се базира на факти кои се докажани. За жал, формулациите користени во овој текст не му даваат на читателот основана причина да поверува во нивната веродостојност.

 

 

sok rakЛинк до оригиналниот напис: СОК КОЈ ГО УБИВА РАКОТ: Готов за само неколку минути

Датум и време на објавување: 19.04.2016, 08.40

Датум на рецензирање: 20.07.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КРАЈНА НЕОДГОВОРНОСТ КОН ЧИТАТЕЛОТ

Ова четиво е општествено неодговорно. Од каде увереноста да се напишат работи за кои генерално човештвото уште нема одговор?

Вистинитоста на фактите е спорна од причина што за тврдењата не се нуди ниту еден извор, ниту една научна, медицинска студија. Ова фрла сомнеж дали е постапено одговорно со објавувањето на овој текст со рецепт. Исто така, тој не е, или барем не е наведено во текстот, клинички тестиран. Секој лек мора да помине низ доволен број клинички студии за да може така да се нарече.

Новинарскиот кодекс, пак, во членот 1 налага ако нешто е шпекулација, тоа да се наведе.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Кулминацијата на ова неетичко четиво настапува во моментот кога се презентира и „лекот“, со упатства како да се консумира. Доколку медицината се потпираше на изолирани случаи на подобрување, за кои наводно гарантираат пациентите, тогаш зошто воопшто ќе беа потребни клинички тестирања, студии, лабораториски проучувања?

 

ПРОБЛЕМОТ ПОЧНУВА ОД НАСЛОВОТ

Насловот можеби го прави и најголемиот проблем, со сензационалистичката информација: „СОК КОЈ ГО УБИВА РАКОТ: Готов за само неколку минути“. Подолу во текстот има некакво оправдување, затоа што се користат зборови како „превентива“ и „зголемување на имунитетот“, но тоа не го поправа целосно лошиот впечаток.

Текстот не е бениген, како што на прв поглед се мисли. Треба да се внимава со вакви написи, особено со оние кои обработуваат теми за здравје и за лековити материи кои, наводно, ги лекуваат дури и најопасните болести. Луѓето се склони да веруваат, особено ако се наоѓаат во безизлезна состојба.

Но, давањето лажна надеж е недозволиво. Можело барем да се консултира еден експерт и поподробно да се објасни за што се користат овие несомнено здрави продукти. И, секако, за какво било користење, неопходно е советување со лекар. Вака текстот е без докази, факти, што значи дека е нерелевантен.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести