verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сензационализам од трагедија!

on 21 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

stjuardesa

 

[Рецензија:Стујардеса од египетскиот авион со бизарна фотографија си ја предвиде својата смрт]

 

Текстот е штур и сензационалистички. Во него не се откриваат нови моменти за египетскиот авион, кој со 66 патници и членови на екипажот исчезна од радарите  над Средоземното Море и се урна во близина на грчкиот остров Карпатос.  Наместо да информира за авионскaта несреќа,  написот се занимава со приватноста на една од членките на екипажот на авионот кој леташе од Париз кон Каиро, притоа припишувајќи ѝ  чудна натприродна моќ да ја предвиди сопствената трагедија!

Стујардеса од египетскиот авион со бизарна фотографија си ја предвиде својата смрт Press24Линк до оригиналниот напис: Стујардеса од египетскиот авион со бизарна фотографија си ја предвиде својата смрт

Датум и време на објавување: 20.05.2016 – 13:50

Датум на рецензирање: 20.05.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

НЕВКУСНА ОБЈАВА

„Стујардесата Самар Ез Елда која се наоѓала во авионот на  EgyptAira кој во четвртокот се сруши во утринскиѕе часови. На Фејсбук објавила бизарна фотогафија на која се гледа како авион паѓа во море“.

Настрана тоа што главата на веста изгледа конфузно, бидејќи сложената реченица е вештачки поделена на две реченици, кои вака одвоени се нејасни, информацијата која се соопштува е сензационалистичка и невкусна.

Ваквиот начин на известување  се коси со стандардите  предвидени во Кодексот на новинарите, како и со насоките во Прирачникот за етика во новинарството, кои укажуваат дека при известување за трагични настани треба да се почитува приватноста на жртвите и на нивните семејства, а трагедиите да не се злоупотребуваат за стекнување поголема публика.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. (Член 8)

Во написот се наведува дека стјуардесата, објавувајќи фотографија на социјалната мрежа „Фејсбук“, и тоа пред две години, си ја предвидела смртта. Изнесување на вакви информации е повеќе карактеристично за блогови – каде може да се прочитаат содржини кои ја претскажуваат иднината,  теории на заговор и слични материјали, отколку за текстови кои претендираат да бидат сериозни.

Една професионално сработена информација (во конкретниот случај за трагедијата со египетскиот авион), би требало да претставува вест во низа, поточно да се наврати на главните податоци за настанот, како, на пример, кога и каде се случила несреќата. Се разбира, доколку се познати и други детали и тие треба  да се соопштат – причините за несреќата, колку патници имало во авионот, дали има преживеани и дали е пронајден авионот.

Онака, пак, како што е конструирана оваа вест, остава впечаток дека нејзината примарна цел не е да ја информира јавноста за несреќата, туку со изнесување детали од приватниот живот на настраданите да собере што повеќе кликнувања.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести