verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сензационализам од бајата (дез)информација

on 1 - 08 - 2016       

start

[Рецензија: Третата светска војна е почната – маринец открива кој стои зад нападот во Париз и кој е Обама (Видео)]

 

Сензационализам, чист сензационализам – тоа е главното погонско гориво на овој текст. Изнесената апокалиптична содржина се базира само на согледувањата на еден човек, со проблематична историја, без притоа да се наведе каде, кога и за кого таа личност ги изјавила своите ставови. Значи, очигледно преземен текст без да се наведе од каде, без каква било професионална задршка или обид да се доразјаснат наведените тврдења.

1111Линк до оригиналниот напис: Третата светска војна е почната – маринец открива кој стои зад нападот во Париз и кој е Обама (Видео)

 Датум и време на објавување: 28.07.2016, 23:00

 Датум на рецензирање: 30.07.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ТЕШКА ШПЕКУЛАЦИЈА

Ако некој медиум објавува непроверена и ептен бајата информација која се темели на изјава на еден човек со дискутабилно минато – поранешен американски маринец, а вие само ја преземете и ја преобјавувате за домашната публика, тоа не значи дека се намалува тежината на вашето соучесништво во пласирањето шпекулации, зашто овој текст е, да бидеме искрени, сепак, тешка шпекулација. Ваквиот пристап е спротивен на принципите утврдени во новинарскиот Кодекс.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (член 1)

Прво, настапот на ексмаринецот, е стар повеќе од девет месеци. Поточно, станува збор за негово гостување кое се случило веднаш по парискиот масакр лани во ноември. Значи, стара вест, која со месеци подоцна е преземена од некоја веб-страница, која пак, најверојатно, е изворот на конкретниот напис што ја препишал старата информација од А до Ш, без тоа јасно да го наведе.

Плагијаторството е неприфатливо (член 12)

 

КОМПРОМИТИРАН ИЗВОР

Второ, изјавата на поранешниот војник е за „Прес ТВ“ (PRESSTV), иранска телевизија во сопственост на државата, чиј менаџмент директно му одговара на врховниот верски лидер во земјата – актуелниот ајатолах. Оттука, лесно е да се извелече врската меѓу антиамериканската и антизападната реторика на некогашниот маринец и неговите теории на заговор за масонско-ционистичко-финансиско здружување на неколкумина против целиот свет, која, пак, се емитува, ете, случајно каде, ако не на медиум спонзориран од држава која не е баш во добри релации со западниот свет. Значи, пристрасноста веднаш се наметнува како прашање.

Трето, „авторитетот“ за глобални заговори е извесен Кенет О’Киф, како што кажавме, поранешен член на вооружените сили на САД, кој, ете, по завршувањето на војничката кариера се нафатил со сосема поинаков бизнис – хуманитарно-медиумски – објаснувајќи ја темната страна на светската политика со негирачки однос кон холокаустот во Втората светска војна. Значи, изворот е многу компромитиран за само врз неговите изјави да се темели цел текст кој помпезно се „кити“ со претенциозен наслов:

„Третата светска војна е почната – маринец открива кој стои зад нападот во Париз и кој е Обама“

Од наведеното не е многу тешко да се заклучи дека станува збор за „каша-попара“ од напис, со стара информација, едноставно препишан, без какво било вклучување на новинарскиот сенс. Накусо, ептен лош производ кој не добива преодна оценка.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести