verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сензацијата носи читатели, но не и доверба

on 15 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: „На паузата за реклами, Груби му се заканил на Селмани декa ќе го гаѓа со чаша”]

Природно е човековото внимание да биде привлечено од необичните работи кои понекогаш се предмет и на вестите. Меѓутоа, хиперболизацијата на некоја случка и нејзината интерпретација како скандал, без да е навистина тоа, не е етички потег. Да не зборуваме за случаите кога на непроверени хипотези им се припишува епитет на скандал.

Lajm - Ne pauzen per reklama, Grubi ka kercenuar Selmanin se do ta gjuaj me gote 1Линк до оригиналниот напис: „На паузата за реклами, Груби му се заканил на Селмани дек ќе го гаѓа со чаша”

Датум и време на објавување: 04.12.2015, 12:29

Датум на рецензија: 09.12.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Авторот толкува една телевизиска дебата од емисијата „Патот кон…“ на „Алсат М“, но притоа не информира за што конкретно се дебатирало, а наведува дека зад камерите се случила голема караница, на работ на физичка пресметка.

„…за време на една пауза за реклами, пратеникот на ДУИ, Груби, излегол од такт и му се заканил на претседателот на ЗНМ дека ќе го гаѓа со чашата со вода што ја имал пред себе.“

Оваа информација доаѓа од „uзвори на весникот Лајм“, анонимни, кои, како такви, ја доведуваат во прашање точноста на нивните информации. Информацијата не е потврдена ниту од Груби, ниту од Селмани.

Не нудејќи ниту еден друг факт, авторот заклучува дека функционерите на ДУИ имаат „уличарско“ однесување, што е закана за новинарите и за медиумите. Овој медиум „му објавува отворена војна“ на „уличарското“ однесување.

Ваквото уличарско однесување на функционерите на ДУИ (која што има дадено милиони буџетски средства за македонските медиуми, за да не ги корумпира албанските медиуми!), претставува голема закана за нормалното функционирање на новинарите и независните медиуми, во време кога предизборната кампања станува се пожестока. Весникот „Лајм“ ќе ја разгледа ова ситуација и ќе иницира создавање на заедничка стратегија помеѓу независните медиуми, за соочување со ова уличарско однесување.

Тоа што можел да го направи новинарот е да ја разгледа ситуацијата пред да ја пласира информацијата, а не во самиот текст да се залага за нејзина проверка. Проверката не бара повеќе од еден телефонски повик до учесниците или авторите на емисијата, кои би ја потврдиле или би ја негирале случката.

Видеозаписот што е додаден не е доказ за тоа што се наведува во текстот.

Проверката на податоците и точноста се морални императиви на новинарството, затоа новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку два меѓусебно неповрзани извора.

Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори.

Потребата од брзина никогаш не смее да ги загрози точноста, кредибилитетот и професионалноста на прилогот, пишува во Прирачникот за етика во новинарстовото.

(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести