verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сè е исто, само Бранко го нема!

on 18 - 10 - 2016       

crvenkovski-so-dvojno-pomasoven-sobir_-http___kurir-mk_makedonija_vesti_t

[Рецензија: Црвенковски со двојно помасовен собир од Заев доживеа тежок пораз на изборите во 2011-та (ФОТО+ВИДЕО)]

 

„Бранко не чини, ама добар ни е за контра Заев“. Така накусо се опишува ова четиво со срамежливи промо-елементи за „стариот“ и со „клетви“ за новиот СДСМ. Исто како што до пред неколку години што и да направеше Црвенковски беше лошо, така е и сега – сите потези на СДСМ не чинат. Разликата е што сега ликот е Заев. Значи, сè  е исто само него го нема!

crvenkovski-so-dvojno-pomasoven-sobir_-http___kurir-mk_makedonija_vesti_t Линк до оригиналниот напис: Црвенковски со двојно помасовен собир од Заев доживеа тежок пораз на изборите во 2011-та (ФОТО+ВИДЕО)

 Датум и време на објавување: 11.10.2016, 18:01

 Датум на рецензирање: 16.10.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

 ЦРНА КАМПАЊА

Црната кампања почна, иако официјално сè уште сме далеку од почетокот на изборниот натпревар. Направен е, би рекле, интересен мегамикс од стари и на нови видеоматеријали, од нешто од пред шест години и нешто тазе. Ваквиот пристап, кој не е невообичаен, сам по себе бара голема претпазливост за добро да се разграничи, а и да ѝ објасни на публиката што било, а што е. Значи, вниманието треба да биде високо за да не дојде до мешање на факти од „некогаш и сега“, зашто на тој начин лесно може да се дојде, што сакајќи, што несакајќи, до спин.

Во дадениот случај спин има, ама намерен. Очигледна е намерата, впрочем, таа не се ни крие, да се заблуди, загуби публиката во минатото и во сегашноста, во алузиите дека во минатото СДСМ правел појаки митинизи, а пак бил поразуван и дека собирот на 11 Октомври е знак дека социјалдемократите сега уште послабо поминуваат кај граѓаните. Секако, можеби е тоа така, ама тоа не се прави на начин како што е направено во ова четиво – преку злоупотреба на еден од врвните новинарски жанрови, коментарот.

„Платениците на СДСМ и на Сорос денеска дојдоа во срамен број, измаршираа од седиштето на СЈО по „Партизанска“ до Собранието на РМ и си заминаа на празничен ручек. Ниту автобусите од Струмица и Куманово не успеаја да го сокријат срамот од дебаклот на СДСМ, кој уште еднаш не успеа да собере достоен број граѓани кои ќе ги поддржат срамните политики за федерализација на државата.

Антимакедонското движење на СДСМ и Сорос го предводеа рамо до рамо Заев и Верушевски…

Сепак, народот ја препознава агендата на СДСМ и платениците, па ѝ сврте грб на дволичната, антидржавна политика на Заев бидејќи меѓу седум и осум илјади граѓани присустуваа на маршот, ни третина од оние кои ги собра Бранко Црвенковски на „Марш за слобода“.“

Пониско од ова здравје. Тоа не е целта на новинарскиот коментар и затоа велиме дека е урнисување на целиот жанр.

Ајде околу вистинитоста. Баш би сакал да видам кој е тој експерт кој може точно, прецизно да изброи колкава била посетеност на овој или на оној митинг, независно дали е организиран од опозицијата или од власта. Неблагодарно е да се расфрла еден текст со бројки за кои се знае дека се тешко проверливи, а притоа да се пласираат како факти.

 

 

УДРИ ПО НАЦИОНАЛНИОТ НЕРВ

Неизбежен е и етничкиот агол во приказната. Стариот лидер на СДСМ се фали дека во негово време на митинзите имало знамиња и од другите заедници, а сега, кога Заев е на чело на СДСМ, покрај македонското се веело само албанското знаме. Јасна е целта, да се погоди националниот нерв кај најбројната заедница и да се создаде паника, што веќе и е дел од кампањата на владејачката партија, дека опозицијата шурува со Албанците за сметка на македонските интереси. Опасна игра на зборови во чувствителен предизборен период.

Боде очи и веќе стопати повторената теза дека „СДСМ е исто со Сорос“. Ама најверојатно некој се водел од злогласната (Гебелсова максима) „Илјада пати кажана лага станува вистина“.

Значи, општиот заклучок, што се наметнува од содржината на написот, е дека Црвенковски, кој бил поарен од Заев, поминал лошо, а Заев, кој е полош од Црвенковски, ќе помине бетер. По чии критериуми? Па, изгледа, на власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести