verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Прашајте ја партијата, а не друг портал!

on 21 - 07 - 2015       

СДСМ-остана-без-економски-тим-NetPress-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ остана без економски тим: Kој ќе ја пишува изборната програма]

 

Констатации на авторот кои се презентираат како факти, па спин кој покажува политичка пристрасност за на крај да се резимира со навивање за владеjачката партија. Непрофесионална објава која остава впечаток на неактивно новинарство – искористени се секакви, освен официјални извори, а не се создава впечаток дека медиумот се обидел да добие официјални информации.

СДСМ остана без економски тим   NetPressЛинк до оригиналниот напис: СДСМ остана без економски тим: Kој ќе ја пишува изборната програма

Датум и време на објавување: 17.7.2015, 16:04

Датум на рецензирање: 19.7.2015

Рецензент: Александар Пешев

Интересно е како непотпишаниот автор на оваа објава пишува за факти без понуда на никаква фактичка потврда на своите тврдења. Уште од првата реченица на читателот му се нуди класичен коментар.

„Факт е дека економскиот тим на социјалдемократите се распаѓа.“ 

Навистина? Покрај ваква констатација би требало да се понуди некаква подршка на тврдењето. Да видиме што се нуди како доказ: по информацијата дека тројца членови се дистанцираат од партијата, уште една констатација:

„На само девет месеци пред изборите СДСМ остана без економски тим.“

Ваквото тврдење би било точно доколку опозициската партија има трочлен економски тим. Дали авторот остава впечаток дека се јавил во партијата да праша кои членови ќе ја создаваат економската програма на СДСМ? Не. Наместо прашањето да се насочи кон партијата, авторот одлучува да го праша читателот:

„Кој економски експерт ќе им ја пишува економската програма?!“

Од каде, пак, читателот треба да го знае ова? Прашајте ја партијата.

„Како што пишува „Курир“ по официјалната оставка на потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов, економскиот тим во СДСМ е растурен.“

Реков прашајте ја партијата, а не друг портал… Нејсе. По краткиот преглед на хронологијата на настаните околу оставката на професорот Ванчо Узунов, што впрочем е единствениот новинарски елемент во објавата, се прави обид за спин. Поточно, текстот се повикува на „познавачи“ без ниту една изјава од познавач. Реално е да се претпостави дека дел од познавачите би го аргументирале наведеното, но за ваквото тврдење во текстот да добие релевантност, потребно е барем една изјава од познавач. Тоа го немаме, што остава впечаток за неактивност и за незаинтересираност.

Ваквиот начин на работа продолжува со повторно цитирање на анонимни извори на друг портал сè за да се илустрира конечното извртување кое ја демонстрира политичката пристрасност на објавата:

„…откако СДСМ остана без економски тим, лидерот Заев кампањата или ќе ја води со набрзина и нереално составена економска програма, или ќе мора да води исклучиво негативна кампања“

Текстот завршува како што почнува: со коментар, неподдржан со изјави:

„Ваквата стратегија на СДСМ досега се покажала како погубна, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ изминатите години пред граѓаните излегуваше со конкретна програма, проекти и рокови, како и отчет за сработеното и тоа им донесе 9 изборни победи по ред.“

Токму на крајот на текстот може да се претпостави за кого навива авторот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести