verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сценарио за бегство од избори на „ти реков – ми рече“

on 21 - 12 - 2015       

Заев на лидерската очајно креирал сцен_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 1

[Рецензија:  Заев на лидерската очајно креирал сценарио за бегање од избори- странците зачудени од неиздржаните изговори]

 

Текстот се обидува да ни пренесе дел од атмосферата во која течеше последната лидерска средба, на која шефовите на најголемите политички партии се договараа за експертите на ДИК. Притоа, на првиот човек на опозицијата, Зоран Заев, му се припишува однесување на таа средба за кое не се изнесени доволно факти. Написот има коментаторски пристап, а за наводните жалби, констатации и негодувања од Заев, се повикува на неименувани извори од преговорите.

Заев на лидерската очајно креирал сцен_ - http___kurir.mk_makedonija_politikЛинк до оригиналниот наслов: Заев на лидерската очајно креирал сценарио за бегање од избори- странците зачудени од неиздржаните изговори

Датум и време на објавување: 16.12.2015

Датум на рецензија:18.12.2015

Рецензент: Силвана Жежова

 

ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА

На почетокот од текстот, без никакви докази, се тврди дека првиот човек на опозицијата барал одложување на вонредните парламентарни избори, договорени за 24 април 2016 година. Во отсуство на содржајност, односно што повеќе информации кои ќе ги потврдат ваквите (дез)информации добиени од анонимни извори, се доведува во прашање точноста на наводите.

„Дискусијата на првиот човек на СДСМ Зоран Заев на вчерашната лидерска средба била целосно во насока на неаргументирано одложување на престојните избори, притиснат од сознанието дека ужива очајна поддршка од граѓаните, дознаваме од извори во преговорите.“

Во текстот се манипулира и со претставувањето на начинот на кој дел од присутните на таа средба, наводно реагирале. Недостигаат изјави што би потврдиле дека навистина се случило такво нешто.

„Аргументите на опозицискиот лидер биле со чудење примени од присутните, вклучително и од странските претставници. Прво, Заев се жалел дека неговите привремени министри и заменици министри немале вработени по кабинетите и тоа се’ отежнувало, но бројките и фактичката состојба кажува дека тоа не е вистина.“

Понатаму во текстот се пишува за партиските вработувања по министерствата во кои опозициската партија има свои министри, заменици и дополнителни министри, за што ако е така, отсуствуваат докази. Наводните вработени се квалификуваат како активни партиски членови на СДСМ, за што, повторно, отсуствува аргументирана поткрепа.

„Имено, дополнителната министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски има вработено 6 лица, сите партиски активни членови на СДСМ. Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски има ангажирано во својот кабинет деветмина, со што врши брутална узурпација и партизирање на институцијата.“

Генерално, текстот се обидува да „докаже“ дека првиот човек на опозицијата по секоја цена сака да ги избегне пролетните избори. Тоа се соопштува уште со тенденциозниот наслов, а истата порака се испраќа и со заклучокот на текстот. Но, отсуството на факти и на релевантни извори го става целиот материјал под голем прашалник.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести