Самоубиство?! Кој вели така?
Објавено во Рецензии
on 27 - 07 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Самоубиство во Волково: Момче се фрли под воз]
Написот кој е предмет на оваа рецензија e во ред, но тој има проблем со насловот и е пример за тоа како некогаш се прават грешки во новинарството, така што предвреме се изведуваат заклучоци.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Самоубиство во Волково: Момче се фрли под воз
Датум и време на објавување: 23.07.2015
Датум на рецензирање: 27.07.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
Овој напис информира за несреќа на пругата што ги дели населбите Волково и Ново Село, а во која воз прегазил младо момче, кое починало на местото на несреќата.
„Луѓето кои ги сретнавме таму претпоставуваат дека станува збор за самоубиство, бидејќи момчето се обидело да ја премине пругата токму во моментот кога возот минувал преку улицата.“
Значи, луѓето претпоставувале дека било самоубиство. Не е потврдено дека било самоубиство за така сензационално да се пренесе во насловот дека се случило самоубиство во Волково и дека момче се фрлило под воз.
МВР направилo увид на местото и допрва ќе се утврдуваат причините за несреќата. Дали било самоубиство, ќе кажат надлежните, а не новинарите. Очевидци на настанот имало и тие можат да раскажат што било. Задача на новинарот е да ги пренесе тие приказни, но не и да изведува заклучоци од нив.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови