verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Само да се удри по Јанева!

on 26 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

deneshen

[Рецензија: Видео: Еве како изгледа ненарачано и нарачано интервју под контрола на СДСМ]

 

Еднострана непрофесионална објава чија идеја е да нанесе штета на угледот на специјалната јавна обвинителка. Уште самиот тенденциозен наслов навестува каков политички пристрасен текст им се презентира на читателите.

video-eve-kako-izgleda-nenarachano-i-narachano-intervju-pod-kontrola-na-sdsm-deneshen-vesnik-2016-09-26-12-21-09Линк до оригиналниот напис: Видео: Еве како изгледа ненарачано и нарачано интервју под контрола на СДСМ

Датум и време на објавување: 21.09.2016, 09:29

Датум на рецензирање: 25.09.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

 СУПЕР Е ЗВРЛЕВСКИ, ЈАНЕВА НЕ ЈА БИВАЛО!

За овој напис не е спорно тоа што суров материјал е пуштен во јавноста и тоа од националниот сервис, платен со народни пари. Наместо тоа, во текстот се прави споредба на настапот на Јанева со едно интервју на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, на приватен медиум,  при што тој нагласено се фали:

„Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски пред скоро една година, поточно на 15 октомври лани му беше гостин на новинарот Чомовски во Топ Тема каде одговараше на десетици незгодни прашања и провокативни потпрашања“.

Нејасно е со каква методологија се утврдило дека станува збор за провокативен разговор и дека „десетиците прашања“ биле незгодни. Написот наведува дека стручната јавност утврдила дека „и покрај двосмислените и тенденциозни прашања, Зврлевски со факти и аргументи успеал да поентира и да ја презентира веродостојно својата работа“. Но, текстот не дава одговор на прашањето: кои се тие експерти кои дале ваква констатација?

Ваквите јасни коментари укажуваат на идејата за величење на јавниот обвинител Зврлевски, што, впрочем, се гледа и во следниот пасус:

„За разлика од Зврлевски, според срамните стандарди наметнати од уредникот на СДСМ во националниот сервис, Катица Јанева одговараше на смешни, однапред усогласени прашања без никаква провокација во нив“.

 

ТЕНДЕНЦИОЗНА СПОРЕДБА

Ваквиот пристап остава впечаток дека пофалбите кон Зврлевски се употребуваат заради дискредитација на Јанева, а коментарите кои се нижат во продолжение го потврдуваат тоа:

 „Не беше прашана зошто не пријавила закани за Коста Крпач, доколку навистина ги имало? Не беше прашана зошто и се советници за ЗКП кога како правник мора да го познава законот? Не беше прашана за вработувањето на ќерки, синови и роднини во СЈО? За притисоците врз сведоците? Не беше прашана за протекувањето на информации од истрагите и незаконското рушење на принципот на тајноста? Не беше прашана за становите, смоквите и огромните плати?“

Се изнесуваат непотврдени обвинувања од типот: „вработувања на ќерки, синови и роднини во СЈО“. Има и нејасни (дез)информации  „за становите, смоквите и огромните полати“ (за какви смокви станува збор?!) Дополнително, се сугерира како друг медиум требало да води интервју, наместо самиот медиум да побара интервју од личноста која е субјект на критика преку спинови и коментари. Без нотирање на користени извори, се коментира дека партискиот уредник на СДСМ сметал одредени теми за ирелевантни, дека МРТВ крие детали за случајот „Пуч“, за на крај да се даде следниов заклучок:

 „Срамно однесување на МТВ и под сите професионални стандарди. Однесување кое не смее да помине само со извинување до гледачите туку со одговорност од оние кои го уриваат имиџот на националниот медиум“.

Гледано во целина, овој манипулативен производ е така скроен што прави спин споредувајќи ги јавниот обвинител и специјалната јавна обвинителка, притоа давајќи пофалби за првиот на штета на вториот. Спинот се надградува и со серија неиздржани констатации, потоа нафрлување прашања  (информации) кои ги постави и еден партиски центар, за на крај, повторно со употреба на констатации без никаква атрибуција и без нотирање извори, да се коментира за професионални стандарди!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести