verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Роденденот на Ахмети и оставката на Заев

on 10 - 02 - 2020       

Медиумите во никој случај не треба да искривуваат одредени ситуации и да ги користат истите да шпекулираат, како во написот што ќе го разгледаме. Од тука проценуваме дека медиумот наместо да информира, манипулира и ја дезинформира јавноста

IliraNews: Çfarë festoi Ali Ahmeti? Ditëlindjen e tij, apo rrëzimin e kryeministrit të 6 të me radhë

„IliraNews„:Што прослави Али Ахмети? Неговиот роденден или падот на шестиот премиер по ред“

Линк до оригиналниот напис: „Што прослави Али Ахмети? Неговиот роденден или падот на шестиот премиер по ред“  “Çfarë festoi Ali Ahmeti? Ditëlindjen e tij, apo rrëzimin e kryeministrit të 6 të me radhë”

Датум на објавување: 03.01.2020

Датум на рецензија: 03.12.2020

Рецензира: Фатбарда Цури

Прашање и „заборавен“ одговор

Основниот принцип на професионалното новинарство е да одговори на секое прашање од јавен интерес. Но, доколку медиумот решава да постави други прашања, во написот треба да има и одговори на истите прашања.

„Што прослави Али Ахмети? Неговиот роденден или падот на шестиот премиер по ред“, се вели во насловот што го разгледуваме.

Но, и покрај основниот принцип напишан погоре, медиумот повторно решил да не го испочитува и на тој начин да го прекрши професионалниот стандард. Не беше доволно само поставувањето прашања и недостатокот на одговори за нив, туку медиумот преку написот, се „демантираше“ самиот себеси.

Веста започнува со информацијата дека претседателот Али Ахмети денес го прослави роденденот во Собранието, а потоа се вели дека роденденот „се совпаѓа со разрешувањето на премиерот“.

Никаде во написот други медиуми не наведуваат дека „Али Ахмети го слави падот на премиерот“, што во текстот што го разгледуваме посочениот медиум решава да го постави како прашање во насловот.

Оттука, заклучуваме дека медиумот манипулирал опасно со употреба на манипулативниот концепт „лажна аналогија“, опшишан во прирачникот на КриТинк што претставува тенденција да се направи аналогија меѓу две неповрзани работи, а потоа да се користи аналогијата за да се направи претпоставка. Во овој случај, медиумот ја поврза роденденската забава на Ахмети за да покаже дека тој го прославил заминувањето на шестиот премиер, што во случајов, е оставката на премиерот Зоран Заев.

За читателите: Аналогиите на медиумите не секогаш имаат смисла

Случајот со написот што го разгледавме треба да покаже дека не секоја аналогија направена од одредени медиуми „има смисла“. И затоа, секогаш прашувајте се „Дали има смисла оваа аналогија од овој медиум?“ Ако не успеете да добиете одговор, обидете се да видите дали некоја од ситуациите за кои се создава аналогијата е предодредена. Во случајот со роденденот на Ахмети, станува збор за нешто што не може да се менува, ама оставката на Заев и формирањето на Владата е настан што беше утврден кога беше решено да имаме парламентарни избори на 12 април оваа година.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести