Рециклирање на пропагандата
Објавено во Рецензии
on 26 - 06 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Улогата на Шекеринска во креирањето политичка криза и нанесувањето на штета на Македонија!]
Колку очајна треба да ви биде потребата да денунцирате, односно јавно да обвините некого само поради тоа што реагира со превртување на очите и со нервозна гримаса? Можеме да го разбереме како резултат на слепилото што ги зафаќа за време меѓусебните дуели и како последица на недостиг од креативност. Но, никако не можеме да го разбереме, ниту да го прифатиме како причина за новинарски текст.
Таа констатација, дури и да е точна, е многу далеку од основните критериуми која информацијата треба да ги поседува за да биде медиумска вест.
Линк до оригиналниот напис: Улогата на Шекеринска во креирањето политичка криза и нанесувањето на штета на Македонија!
Датум и време на објавување: 24.06.2015, 13:12
Датум на рецензирање: 25.06.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Еве, за да не бидеме обвинети за селективност и за субјективност, ја ставаме на увид и во оваа рецензија клучната реченица:
„Кога лидерот ќе направи некој кикс или грешка, таа (Шекеринска, н.з.) реагира со превртување на очите и нервозна гримаса.“
Заради оваа бесмислена „констатација“ како единствена „новина“ во оваа медиумска турлитава, повторена е целата претходна канонада врз потпретседателката на СДСМ…
А, канонадата се состои од компилација на веќе објавени, тука рециклирани написи, кои треба да ја поддржат илузија дека се работи за нова медиумска содржина.
Во оваа рецензија нема да навлегуваме во техниките на пропагандата од кои едната вели: „Публиката бавно абсорбира, па затоа треба да се повторуваат информациите во одредени циклуси и со одреден интензитет“, зашто толку многу често ги повторуваме, што може да нè закитат со истото обвинување.
Секако, нема да пропуштиме да ја истакнеме нескриената политичка пристрасност во овој текст што е во спротивност со членот 14 од Кодексот на новинарите:
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Исто така, прекршен е и членот 16, бидејќи и медиумот и медиумската содржина се употребени за пресметка со политички опоненти:
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Ах, да. Да не заборавиме на насловот. Како да е изведен за некој научен труд од времето на марскистичко-ленинистичката научна дијалектика. Како, на пример: „Улогата на народните непријатели во изградбата на надградено општество на благосостојба во наредната петолетка“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови