verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Премиерското интервју пренесено, поводот скриен

on 14 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___republika.mk_crop-resize

 

[Рецензија: Груевски: Ќе се забрза реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делчев“, а ќе се гради и нов студентски дом]

 

Овој текст информира половично и тоа го прави свесно. Во него е пренесна само опширната изјава на премиерот  за тоа дека „ќе се забрза реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делчев“, а ќе се гради и нов студентски дом“. Но, нема ниту збор за објавата и за фотографиите на „Студентски пленум“, па фактички, невидлива е поплавата во Студентскиот дом по обилните врнежи (10 октоври 2015 година), поради што публиката не може да добие целосна и објективна слика.

http___republika.mk_Линк до оригиналниот напис: Груевски: Ќе се забрза реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делчев“, а ќе се гради и нов студентски дом

Датум и време на објавување: 11.10.2015, 19:46

Датум на рецензирање: 12.10.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

А ПОРАКАТА „ВО ГОЦЕ ВРНЕ, КАЈ ВАС ДОМА КАКО Е?“

Написот се потпира на изјавата на премиерот која е точно пренесена, ама не е наведено дека е дадена за друг медиум. Поточно, не е посочено дека станува збор за фрагмент од интервју за една телевизија (од 22,15 до 26,03 минута од видеозаписот), што претставува пропуст.

Меѓутоа, главниот проблем со текстот е што тој е фокусиран само на најавата на премиерот за изградба на нов студентски дом и за забрзано реновирање на домот „Гоце Делчев“. И, притоа, воопшто не ја спомнува пораката на „Студентски пленум“:

„Во Гоце внатре врне, кај вас дома како е?“,

која студентите ја напишаа на својата фејсбук-страница и ја поткрепија со фотографии што сведочат за поплавата во руинираниот студентски дом.

Покрај тоа, објавата на „Студентски пленум“ беше еден ден пред интервјуто на премиерот.

Токму премолчувањето на поплавата на Студентскиот дом  ја прави информацијата селективна, а самиот текст „поплавен“ од пристрасност, при што паѓа в очи фалбаџиската интонација во изјавата на премиерот.

Начинот на кој е пласирана информацијата се коси со основните принципи на новинарскиот Кодекс и остава впечаток дека намерата била да се нагласи грижата на владејачката партија (премиерот) за студентите – за тоа колку се посветени во решавањето на нивните проблеми.

Во таквиот пропагандистички концепт, пак, веројатно не се совпаѓала пораката „Во Гоце внатре врне, кај вас дома како е?“ и фотографиите што говорат  за мизерните услови во кои живеат студентите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести