verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст набиен со емоции без простор рационално да се примат пораките

on 29 - 07 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-109-СДСМ-во-брутална-пресметка-со-медиуmi-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ во брутална пресметка со медиумите за добивање на контрола врз нив]

 

Рецензираме пропагандно манипулативна содржина која има цел на брутален и вулгарен начин, покажувајќи доза омраза кон своите колеги од еснафот, да се стави во одбрана на владината политика и „демократија“ и да ја обвини опозицијита дека „на мала врата“ сака да је преземе Агенцијата за медиуми, а со тоа, според нивното толкување, и контролата врз медиумите. Тоа, во периодот кој следува на политичката сцена во државата, за власта би било погубно.

FireShot Screen Capture #109 - 'СДСМ во брутална пресметка со медиумите за добивање на контрола врз нивЛинк до оригиналниот напис: СДСМ во брутална пресметка со медиумите за добивање на контрола врз нив

Датум и време на објавување: 27.07.2015 12:52

Датум на рецензирање: 28.07.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

„ФЕЈСБУК“ НЕ Е СДСМ

Без факти, без повикување на извори, СДСМ се обвинува за некава брутална пресметка со медиуми, за наметнување контрола врз нив и за охрабрување на насилството врз медиумите од противничкиот табор. Притоа, никаде не се кажува кога, како и на кој начин тоа го прави партијата СДСМ и конкретно врз кои тоа медими опозицискиот СДСМ врши партиска контрола и стимулира насилство.

Не е тајна дека како реакција на одредени текстови во провладините медиуми, на социјалните мрежи се појавуваат повремено навредливи коментари на нивна сметка, но авторот без факти тоа го припишува на опозициската партија, а социјалните мрежи ги користи како валиден извор, при што манипулира со нивното авторство.

„Еве какви се навреди добиваат новинари од СДСМ:  „Партиско гласило, глупави курири, куртони, дебили, пушачи“. Ова се само мал дел од навредите кои ги упатува СДСМ, нејзините подржувачи во новинарството, како и нивни активисти кон медиумите кои не мислат како нив и не пишуваат според вкусот на раководството на СДСМ.“

 

ЗАБРАНЕТО „ШТИПКАЊЕ И СЕМКИ ГРИЦКАЊЕ“

Следниот пасус – „Забрането штипкање и семенки грицкање“ – не е аргумент со кој текстот би ја докажал смртната закана на провладините новинари од опозициската партија, па оваа констатација во текстот можеме да ја третираме како невистинита. Како што ни со еден факт не се докажува дека ЗНМ е испостава на СДСМ, па ни овој дел од, инаку, конфузната „турлитава“ содржина не е вистинит.

Главната поента произлегува, всушност, од стравот дека власта може да остане без своите „мегафони“. Тој страв се гледа и од предолгиот и некреативен наслов. Затоа текстот е толку набиен со емоции и не остава простор јавноста рационално да ги прими пораките. Никаде не се спомнуваат факти што би ја потврдиле тезата дека СДСМ сака да ја преземе Агенцијата за медиуми. Пласирана е само интерпретација на авторското размислување и контекстуализација на манипулации од пропагандниот центар, кој е очигледно многу исплашен да не му се случи опозицијата или некој друг да ја преземе контролата на Агенцијата за медиуми, што во предизборните активности за владејачката партија навикната на гебелсовското новинарство би било погубно.

Тој страв се гледа од следниот цитат.

„Со ваквата агресивност на СДСМ и со брутално етикетирање, се надополнува нивната тенденција да воспостaват контрола врз Агенцијата за медиуми, обидувајќи се на мала врата да ја вклопат во договорот од Пржино и да обезбедат договорање на директор на оваа агенција, зад што се крие желбата за поставување на партиски кадар за да обезбеди контрола преку притисоци и заплашувања во процесот на избори.“

 

ЕФЕКТ НА КИСЕЛА ВОДА

Вакво непрецизно, неаргументирано, непоткрепено со извори и со факти писание, наместо да добие улога на „скалпел“, кој треба да ги сосече негативните премрежиња во општеството и во еснафот и да биде коректор на одредени појави, остава ефект на „кисела вода“.

Наместо коментар и повикување на кодексите што се прекршени со вакво новинарство, најдобро би било и Македонија да има свој Хајд парк. Да ве потсетам, тоа е место во Лондон на кое секоја будала може да каже што сака и да не биде казнет поради тоа – во име на слободата на говорот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести