verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Зошто техничката влада во Бугарија не може да ги легитимира барањата на СДСМ?

on 11 - 08 - 2014       

SDSM-bugarija-crop-resize

Ова е текст кој споредува неспоредливи работи. Точно е дека работите се различни, но тоа што текстот го прави за рецензија е тезата дека:

Опозициските медиуми со формирањето на техничка Влада во соседна Бугарија се обидуваат да го легитимираат барањето на социјалдемократите, без избори да се инсталираат на Илинденска.

Досега никој во јавноста, ниту од СДСМ, ниту, пак, од таканаречените, според текстот, „опозициски медиуми“, не го застапувал овој став. Ниту еден аналитичар, кој ги подржува барањата на опозицијата за техничка влада, не побарал нешто такво.

SDSM bugarijaЛинк до оригиналниот напис: Зошто техничката влада во Бугарија не може да ги легитимира барањата на СДСМ?

Датум и време на објавување: 07.08.2014, 21:29

Датум на рецензирање: 08.08.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НАМЕТНАТИ ТЕЗИ

Текстот сака да наметне една теза дека СДСМ без избори сака да влезе во Владата. Притоа, ова не е поткрепено со ниту еден доказ и факт. Напротив, досега и СДСМ и критичарите на оваа власт ја демантирале оваа теза која ја пласира текстот. Имено, тие се залагаат за формирање на мнозинска, или техничка влада но со една цел: да се создадат услови за фер и регуларни избори.

Според СДСМ:

Неопходно  е формирање на техничка влада која ќе овозможи спроведување на нормални, фер и демократски претседателски и парламентарни избори во Република Македонија.

Исто така, поддржувачите на оваа идеја досега, од она што го застапуваат, не отстапиле. Еден од нив е и новинарот Бранко Героски кој експлицитно е за техничка влада која ќе треба да организира фер и демократски избори, притоа дури премиер на таа влада се залага да биде и Никола Груевски:

Јас мислам дека кај нас непотребно се мешаат термините техничка и концентрациона влада. Суштината е во тоа Македонија да добие преодна влада која ќе ги реши крупните политички проблеми и која ќе ги подготви следните, по долго време први фер и слободни избори. Таа влада мора да добие поддршка од сите парламентарни партии. Во таа смисла, таа мора да биде политичка. Од друга страна, таа влада изборите ќе ги подготвува и во изборниот период ќе се однесува со капацитет на техничка влада.

Исто така, во колумната Матурски испит за Заев и за Шеќеринска, Геровски дури и децидно е против власта да се земе на зелена маса:

Не, никој не смее да бара на Груевски власта да се земе на зелена маса. Тоа не би било фер и јас прв би бил против тоа! Власта се добива и се губи на избори. Само на избори. Но, резултат на овие проговори мора да биде политичка волја да се промени начинот на кој денес се владее во Македонија. Ние со оваа автократија, со оваа неслобода и со оваа тортура на политичкото мнозинство врз малцинството, сепак, не можеме да се бориме на избори. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ мора да се договорат да се обноват демократски институцуии и практики. Мора да создадеме демократски амбиент и правила на игра што ќе овозможат фер и демократски избори. Ако не, Груевски нека продолжи да си владее сам, без опозиција.

Поради тоа пропаѓаат тезите од текстот дека аналитичари и критичари на власта, како и опозициските медиуми се на линија со тезата СДСМ да ја земе власта без избори.

Исто така, за да биде чиста работата до крај, а која текстот не ја кажува, е и оценката на ОБСЕ/ОДИХР за изборите. Изборите во Македонија не беа поздравени, а, исто така, во извештајот на овие организации беше сугерирано за повеќе неправилности кои треба во иднина да се променат.

За разлика од кај нас изборите во Бугарија беа прогласени за фер и демократски и не дигнаа врева во Европската Унија.

 

НАВИВАЧКА КОНОТАЦИЈА

Текстот има навивачка конотација и намера да се создаде забуна кај читателите дека некој сака да добие власт без „борба“.

Извртување на тезите и спинување е многу честа појава кај одредени медиуми во Македонија. Поради тоа тие се и најчесто тема за рецензија со цел да се укаже на погрешните чекори во новинарскиот приод. Но, тоа не вродува со плод барем од погоре кажаното. Сепак, поучно и добронамерно е да се укаже со цел читателите да не бидат под влијание на нешто што во стварноста не е точно.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести