verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Зошто „македонските Анонимуси “ предизвикаа паника на Бихаќка ?

on 27 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

КАНАЛ-5-Телевизија-09876-098-crop-resize

 

Ова е еден крајно манипулативен и политички пристрасен текст, кој се базира само на шпекулации и на чаршиски муабети, без поткрепа со факти. Единствен факт употребен во овој текст е дека „Македонски анонимуси“ објавиле видеозапис на „Јутјуб“ со кој тврдат дека ги хакирале компјутерите на СДСМ и дека ќе ја објавеле „правата вистина“, спротивна на проектот „Вистината за Македонија“, кој го реализира опозицискиот СДСМ преку т.н. „бомби“. Насловот и текстот се тенденциозни со намера да предизвикаат паника во опозицијата и во јавноста, алудирајќи дека таа веќе почнала да се шири. Но, без никакви докази за тоа, тезата лесно паѓа во вода.

КАНАЛ 5   ТелевизијаЛинкуван наслов на анализираниот напис: Зошто „македонските Анонимуси “ предизвикаа паника на Бихаќка ?

Датум и време на објавување: 17.02.2015

Датум на рецензирање: 26.02. 2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Преку видео поставено на Jутјуб македонските анонимуси деновиве му се закануваат на Зоран Заев дека имаат бомба , што ќе ја објават. Според текстот на видеото, ќе биде објавен материјал кој Заев сакал да го скрие. Не се објаснува што содржи материјалот, освен шпекулациите на дел од проопозициските медиуми дека ќе била заинтригирана јавноста.“

Фактот што се користи во овој дел од текстот, дека македонските анонимуси објавиле видеозапис со кој му се закануваат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лесно може да се отфрли како невистинит, имајќи го предвид демантот што стигна од организацијата „Анонимус Маседониа“ (Anonymous Macedonia), објавен на нивната официјална страница на социјалната мрежа „Фејсбук“, а кој го пренесе порталот „Локално.мк“. Оваа организација тврди дека нема никаква врска со објавениот видеозапис и дека „Анонимуси никогаш не се и не биле партиски поврзани“.

Шпекулациите дека со тие материјали ќе била заинтригирана јавноста, исто така, не можат да се проверат бидејќи медиумите, за кои се пишува во овој текст, не се наведени со име, а нема ниту линкови од таквите објави.

„По објавувањето на видеото , на социјалните мрежи почна објавувањето на нервозните коментари, а нервоза има и во редовите на СДСМ.“

Во овој дел од написот, авторот свесно манипулира со читателот, необјавувајќи ги „нервозните коментари“ на социјалните мрежи и на опозициските претставници.

Ваквиот став во текстот е спротивен на изјавите на СДСМ и на неговиот лидер, Зоран Заев. Имено, во изјава за „Плусинфо“, од СДСМ демантираа дека компјутерскиот систем на партијата бил хакиран, односно, потврдија дека „бомбите“ се безбедни. Заев, пак, преку својот фејсбук-профил порача: „Почнете, па ќе видите што се анонимуси“.

На крајот од текстот, авторот говори за три сценарија, околу тоа кој стои зад македонските анонимуси. Според првото сценарио, тоа бил Заев, според второто, тоа биле луѓе од СДСМ кои не се согласувале со Заев, и според третото сценарио, тоа бил некој странски центар. Ваквите сценарија, исто така, не се поткрепени со никакви докази и со факти, туку само се пренесени како чаршиски муабети, поради што се доведува во прашање нивната веродостојност.

Авторот на текстот пропуштил да го наведе и четвртото сценарио, кое го објави весникот „Фокус“, а според кое, зад македонските анонимуси стоело МВР.

Многу е лесно во еден новинарски текст да се пласираат информации и шпекулации со кои читателот ќе се наведува на погрешно мислење, но она што е тешко е таквите информации и шпекулации да се истражат и да се поткрепат со факти и со докази. Овој текст е класичен пример за политички памфлет, пласиран како новинарски напис.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести