verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Зошто „Фокус“ не се противеше кога му плати на Црвенковски 30.000 евра за клевета?

on 29 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-017-Fokus-crop-resize

Станува збор за политички пристрасен редакциски коментар, закамуфлиран како „информација“, според која неделникот „Фокус“ имал различни критериуми во однос на двете парични отштети на име на загубен судски процес по основ за тужби за клевета – за казната од 6.000 евра во случајот со директорот на УБК, Сашо Мијалков се бунел, а за многу повисоката отштета од 30.000 евра, исплатена на Бранко Црвенковски – не. Ова тврдење, врз кое се гради „информацијата“ е неточно. Само површно истражување во новинските архиви ќе покаже дека за случајот „швајцарски сметки“, сопственикот на „Фокус“ , покојниот Никола Младенов покренал против-тужба во која бараше 100.000 евра отштета од Црвенковски, а неговиот адвокат најавуваше дека ќе биде покренат случај пред Меѓународниот суд во Стразбур. Освен обидот по судски пат да ја бара правдата во врска со овој случај, Младенов имаше бројни настапи во јавноста, каде укажуваше дека се работи за драконска казна, непримерена и неправедна и за инфериорноста на судството кое донесува вакви пресуди против медиумите во однос на извршната власт. Меѓутоа, она што може да се детектира во самиот текст, читајќи „меѓу редови“, е дека тврдењето на кое тој се базира, не е резултат на неинформираноста на авторот, туку на намерно забошотување на вистината:

„Ако оваа казна од 6 илјади евра претставува диктатура, тогаш дали казната од 30 илјади евра во 2006 година беше новинарски геноцид, за која “Фокус“ не се противеше“, 

за да има логика тезата од насловот и да се оправда квалификацијата „новинарски послушници на опозицијата“, како и да се протне провладина пропаганда:

„…Дополнително, казните за клевета и навреда се значително помали, со промените во законот кои ги донесе актуелната влада.“

Рецензија: Зошто “Фокус“ не се противеше кога му плати на Црвенковски 30.000 евра за клевета?Линк до оригиналниот напис: Зошто „Фокус“ не се противеше кога му плати на Црвенковски 30.000 евра за клевета?

Датум и време на објавување: 23.01.2014, 10:01

Датум на рецензирање: 27.01.2014

Рецензент: Југослава Дуковска

Вистинитост: Авторот на написот (непознат) тргнува од два познати факти – дека неделникот „Фокус“  бил тужен за клевета и од Бранко Црвенковски и од Сашо Мијалков и дека и двата спора ги изгубил, па мора(л) да плати парична отштета. Остатокот од наводите во текстот се паушални и неточни тврдења и негативни квалификации.

Извори на информации: Не се гледа дека е направен ниту најмал напор да се изнајде извор на информации кои би фрлиле целосно светло врз случаите за кои станува збор во написот.

Содржајност: Написот е нецелосен, не се дадени сите познати информации поврзани со случаите за кои станува збор, а се стекнува впечаток дека тоа е направено намерно за да се оправда тезата дадена во насловот – дека „Фокус“ не се бунел за отштетата исплатена на Црвенковски, а сега се буни за отштетата што треба да му ја плати на Мијалков.

Пристрасност: Написот донесува едно невистинито тврдење, кое го пласира уште од насловот, па потоа го повторува и во самиот текст – а тоа е дека „Фокус“ наводно, не се бунел поради пресудата од 30.000 евра отштета која морале да му ја платат на Црвенковски, а сега се бунеле за неколкукратно помала сума, која како отштета треба да му биде платена на директорот на УБК , Сашо Мијалков. Политичка пристрасност е видлива со интенцијата да  се пласира лажна информација за да се оправда етикетирањето на вработените во „Фокус“ како „новинарски послушници на опозицијата“.

Коментирање: Написот е сочинет од низа коментари на тужбите со кои се соочуваше неделникот „Фокус“. Се работи всушност за жанровско „подметнување“ – политички коментар закамуфлиран и пласиран како информација за случајот со тужбата на Мијалков против неделникот,  иако всушност само се коментираат веќе познатите факти за двете тужби.

Оригиналност/Плагијат: Продолжува  праксата на објавување непотпишани текстови.

Квалитет на насловот: Во насловот, иако даден во форма на прашање, е содржано тврдењето, кое е дезинформација и која е лајт-мотив на целиот текст.

Фотографија: Илустрацијата е факсимил на испечатена вест за пресудата против Фокус“ во случајот со Црвенковски од непознат извор.

Говор на омраза: Во текстот е ставено равенство помеѓу неделникот „Фокус“ и флоскулата „новинарски послушници на опозицијата“, на тој начин не само дискредитирајќи го овој медиум и вработените во него, туку и директно упатувајќи навреда на нивна сметка и дискриминирајќи ги врз основа на лажно тврдење дека се нечии послушници.

Заклучок:  Написите, кои само заличуваат на вести, проширени информации, извештаи, осврти, а  кои  тоа всушност не се, односно немаат намена да ја информираат читателската публика, туку да испраќаат порака со политичка конотација, не се реткост во македонскиот медиумски простор. Најчесто се непотпишани, што не зачудува, бидејќи во прв план и не е индивидуалниот новинарски ангажман, туку тезите кои  се пласираат, а се обично со јасна и недвосмислена политичка мотивација. Притоа, вистината, како по правило е ставена во втор план, се користат полу-вистини или сосема се заборава на неа. За жал, многу често со ваквите текстови еден медиум се пресметува со друг или други, кои најчесто се политички неистомисленици.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести