verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Жерновски укинуваше важни закони, а сега бара доверба од граѓаните

on 30 - 03 - 2013       

Меѓу два изборни круга во Општината Центар, каде кандидатот на опозицијата е во – условно – предност пред второто изјаснување на граѓаните, провладините медиуми, во кои порталот Курир има значајно место, не штедат напори да го оцрнат Андреј Жерновски.

„Политичкото минато на кандидатот за градоначалник на Центар од здружената опозиција, не им оди во прилог ниту на опозициските политичари, а најмалку на граѓаните. Андреј Жерновски е човекот кој уништуваше, а не создаваше“ – се вели во воведот на темата под споменатиот наслов, која наведува на помисла на нешто навистина спектакуларно како сознание, а што ете, јавноста не го знаела, особено онаа од Општина Центар, која важи за натпросечно информирана.

Накусо, авторот на текстот без потпис се повикува на два моменти:

  • иницијативи на партијата на Жерновски – ЛДП, со кои пред Уставниот суд се побара укинување на верското образование
  • надоместокот за трето дете, што е оценето како нешто деструктивно, односно како нешто што било спротивно од „градителското“, што нели, е во духот на новата демократија во земјата.

Рецензија: Жерновски укинуваше важни закони, а сега бара доверба од граѓанитеЛинк до оригиналниот напис: Жерновски укинуваше важни закони, а сега бара доверба од граѓаните

Датум и време на објавување: 28.03.2013, 14:57

Датум на рецензирање: 30.03.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Точно е дека партијата на Жерновски во два наврати се обрати до Уставниот суд, со кои бара од Судот, на пример во 2009-та година, да го укине членот 26 од Законот за основно образование, со што понатаму не се овозможуваше организирање верско образование во државните училишта. Се работеше поконкретно за Иницијативата за укинување на веронауката за петтоодделенците.

„Тој лично ја водеше битката против веронаука, тогаш во функција на пратеник од редовите на ЛДП,“ замерува порталот.

ЛДП со СДСМ побараа, исто така од Уставниот суд и укинување на додатокот за трето дете. Но, вистина е дека за тие предлози одлучуваше Уставниот суд, што е клучна поента во целата разврска на иницијативите.

Извори на информации: Одлуките на судиите од Уставниот суд се токму оние кои им пресудуваат на актите кои се однесуваат на верското образование и надоместокот за трето дете. Значи, тие судии нашле дека не се во духот на некои битни елементи на демократијата и човековите права, ама во текстот не се споменати ниту со еден збор. Уставниот суд не е субјект во веста на кој било начин!

Содржајност: Треба да се каже дека ако се цитираат одлуките на Уставен суд, ќе се разбере што била интенцијата на иницијаторите, односно ќе се видело дека ЛДП има модерно размислување за поставеноста на образовниот систем во атеистичката држава, односно е партија која не сака дискриминација, бидејќи, надоместокот за трето дете беше сместен во региони каде има мал наталитет, што беше оценето како форма на географска сегрегација на семејствата. Колку битни елементи, а нив во текстот се разбира ги нема.

Пристрасност: Написот покрај тоа што е едностран во преносот на информации, туку тој создава лажна слика дека само од ЛДП односно од Андреј Жерновски, тогаш само пратеник (претседател на партијата е од поново време) зависело дали тие законски одредби ќе опстоеле или не, независно од фактот дека тие закони би биле – неуставни!

Коментирање:

„Кандидатот за градоначалник на Центар од опозицијата, не им дозволи на децата да научат на училиште за верата, религијата, обичаите, на земјата во која живеат. Предлогот за воведување на веронаука во училиштата, беше на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Образложението за потребата од овој предмет беше дека истото ќе е корисно, затоа што ќе придонесе во оттргнувањето на младите од зависности. Од таму ваквиот потег на Жерновски уште тогаш го нарекоа ‘неразумна одлука и апсолутно политички мотивирана’“ е дел од коментарот на авторот на текстот.

Тука се вовлекуваат два елементи низ кои се спинува. Првиот е дека сè што е предлог на владејачката партија е исправно, а второ дека веронауката го спасува општеството од пороци!

Плагијат: Текстот нема автор ама не се повторува во други, слични медиуми, што асоцира на тоа дека е изворен, на порталот Курир. Нема линкови, бидејќи тие би нè воделе кон сознанија кои нема да ги потврдат тезите на текстот (на пример, одлуките на Уставниот суд).

Квалитет на насловот: Оној кој ќе го чита насловот нема да биде во ситуација да разбере што е тема на текстот, но заради актуелноста на името Жерновски и предизборната кампања која е во тек, секако ќе биде прочитан. Насловот настојува од стартот да создаде пресумпција на вина за кандидатот Жерновски.

Фотографија: Текстот има само една фотографија – класичен портрет на Жерновски, која не додава ништо на содржината, ниту и одзема, туку е само информативна.

Заклучок: Интересно е дека овој напис многу бргу, во текот на денот, беше изместен од главните утрински наслови во Курир и стана неважен. Веројатно заради оценка дека иако е замислен како ударен сепак е површен и претенциозен, па создава поголема штета од корист, особено што им се обраќа на гласачите од Општина Центар, кои немаат сенс за конзервативните идеологии.

Рецензија: Жерновски укинуваше важни закони, а сега бара доверба од граѓаните

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести