verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Жерновски реализираше уште еден „крупен проект“: се сретна со претставник на Стејт Департментот

on 22 - 12 - 2014       

Жерновски-реализираше-уште-еден-“крупен_-http___www.kurir_.mk_makedonija_vesti-crop-resize

 

Рецензираме исклучително пристрасен и политички некоректен текст во кој отворено и на недоличен начин, со иронизирање и со омаловажувачки тон, се напаѓа градоначалникот на Општината Центар. Оваа медиумска содржина просто зрачи со тенденциозност што јасно се препознава уште во самиот наслов: „Жерновски реализираше уште еден „крупен проект“: се сретна со претставник на Стејт Департментот“.  Со ваквата насловна конструкција, која несомнено е намерно избрана за да се исмее првиот човек на Центар, всушност, се навредува еден странски дипломат. Тоа е недозволиво и претставува израз на медиумски примитивизам.

Жерновски реализираше уште еден “крупен_ - http___www.kurir.mk_makedonija_vestiЛинк до оригиналниот напис: Жерновски реализираше уште еден „крупен проект“: се сретна со претставник на Стејт Департментот

Датум и време на објавување: 19.12.2014, 10:37

Датум на рецензирање: 20.12.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА НЕВКУС

Написот тргнува од средбата на градоначалникот на Центар со директорот на Канцеларијата на Стејт департментот за Јужна и за Централна  Европа, кој освен со опозицијата имаше средби и со заменик-министерката за надворешни работи, како и со лидерот на ДУИ.

Но, во конкретниот случај, официјалниот состанок со првиот човек на Центар е искористен  како вовед во едно критизерско четиво, ставено во улога на политичка пресметка. Притоа, нивото на кое комуницира текстот  е спуштено на ниски гранки и изгледа навредливо кон американскиот дипломат.

Неговата функција намерно се игорира во насловот и во првaта реченица од написот (која истовремено е и поднаслов):

„Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски вчера реализираше уште еден “крупен инфраструктурен проект“. Првиот човек на централната скопска општина се сретна со претставник на американскиот Стејт Департмент“

Потоа, затскривајќи се зад мислењата на анонимни (виртуелни) граѓани, неименуваниот автор на текстот многу неумесно коментира дека во недостиг на вистински инфраструктурни проекти:

 „…градоначалникот остварува средби од никакво значење…“

Да се потсмева и да се маргинализира улогата на кој било дипломатски претставник на странска држава е непримерно. Уште посрамно е средбата со дипломатот потсмешливо да се претставува  како „крупен инфраструктурен проект“! Тоа, во најблага форма кажано, претставува олицетворение на невкус.

 

ТЕКСТ „ОСАКАТЕН“ ОД КОМЕНТАРИ И ОД ИРОНИЈА

Манирот во кој е напишан и пласиран текстот, јасно покажува дека идејата е по секоја цена да се нападне Жерновски. Во овој целосно едностран новинарски производ се нижат критики на адреса на градоначалникот на Центар, зачинети со видлива доза сарказам. Како на пример:

„Жерновски може да излезе со најнов проект, дека кивнал“

Пишуван во тој дух, написот го минимизира работењето на Жерновски и се потсмева дека неговите проекти се од типот на организирање настани како „Денови на македонскиот мед!“

Во завршниот дел, пак, на оваа квазианализа се прави споредба со  градоначалникот на Скопје и се воздигнува неговиот ангажман:

„…за разлика од Жерновски, првиот човек на град Скопје Коце Трајановски мандатот не го користи за политичка пресметка, туку за остварување на најавените проекти…“

Со нагласеното величење на скопскиот градоначалник само се заокружува впечатокот дека материјалот што е предмет на оваа рецензија е нападно политички обоен.

Всушност, текстот што речиси истовремено беше објавен  во повеќе медиуми, а во кој затаиле професионалните и етичките принципи, изгледа како соопштение од партиски центар. Во него се прекршени повеќе одредби од новинарскиот Кодекс, меѓу кои и амандманот 15, каде е наведено  дека новинарот мора да ја негува културата на гоговорот и етиката и дека непримерната комуникација со јавноста е неспоива со новинарската професија.

И, на крај, уште да споменеме дека овој медиумски атак на Жерновски доаѓа еден ден откако тој ги нарече „трагикомични“ измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање, според кои,  од март наредната година, општините ќе можат да носат урбанистички планови само со една третина од гласовите на советниците.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести