verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Жерновски остана без вработените

on 8 - 01 - 2014       

Жерновски-остана-без-вработените-www_novamakedonija_com_mk_NewsDetal_asp_ves-crop-resize

Рецензираме вест која е тенденциозна и која прикрива битни информации. Авторот не ѝ дава можност на вторта страна автентично да ја соопшти и својата вистина.

Не е никаква тајна дека скопската општина „Центар“ е „трн во окото“ на владеjачката партија и дека медиумите блиски до власта користат секоја прилика да ја омаловажат, сатанизираат и понижат оваа општина зедно со нејзиниот градоначалник.

Општината има реален проблем со бројни инспекции меѓу кои последната донела решение да ѝ се одземе лиценцата на Агенцијата преку која привремено се вработуваат лица со договор. Така, 32 лица се нашле на улица, со што е блокирана работата на локалната самоуправа. Медиумот за тоа пишува еднострано.
Иако градоначалникот на Центар детално ја објасни новонастаната ситуација, без притоа да создава паника меѓу граѓаните (како што другите медиуми го пренесоа), оваа вест пренагласено дава простор само на едната страна – на соопштението на Центарот за комуникации на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи ја Општина Центар на чело со актуелниот градоначалник во крајно негативна конотација.

FireShot Screen Capture #083 - 'Жерновски остана без вработените - Нова Македонија' - www_novamakedonija_com_mk_NewsDetal_asp_vesЛинк до оригиналниот напис: Жерновски остана без вработените

Датум и време на објавување: 4.01.2014,  17:4

Датум на рецензирање: 4.01.2014

 Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Пренесен е дел од вистина и тоа на некоректен и тенденциозен начин, при што на вест ѝ е дадена сензационалистичка димензија: „нема кој да ја одржува хигиената во  општинските простори“, … „на улица е и одговорно лице за народната кујна во Маџир Маало“. Не е пренесена изјавата на другата страна (што другите медиуми го направија – А1он) да одговори за причините. Затоа, оваа вест не може да се оцени дека вест е комплетно вистинита.

Извори на информации: Како извор се користат зборовите „велат од општината“…, „оттаму додаваат дека“… што не е коректно и не е официјално. Локалната самоуправа е организирана општествено-политичка заедница која има свои служби за информирање и градоначалник. Градоначалникот по повод новонастанатата ситуациа даде изјава за медиуми која е прецизна и детално објаснува во што е проблемот. Новинарот можел да ја преземе (другите медиуми ја објавија) и да ја цитира или да ја парафразира, но тој свесно се повел само по еден извор кој е тенденциозен.  

Содржајност: За да биде содржајна информацијата, новинарот требало да ги чуе двете страни или коректно да ги пренесе нивните изјави или соопштенија. Очигледна е пристрасност кон едната страна, со намера другата да се прикаже во што е можно понегативна слика, да се сатанизира и пред јавноста да се оцени како неспособна да ги решава проблемите на граѓаните: …„Андреј Жерновски да престане да глуми жртва и конечно да почне да работи нешто“…

Пренагалсено се цитира соопштението од Центарот за комуникации на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ,  јасно навивајќи против опозицијата која има власт во оваа општина: …„ недозволиво е што општината Центар ја користи само за вработување на своите партиски војници на СДСМ“… „и манипулации да ги протурка незаконските вработувања“… „ што доволно говори за  неодговорно и незаконско раководење на Жерновски“…

Пристрасност: Очигледна е пристрасност кон владеачката партија која не може да ја прежали загубата на изборите во оваа општина.

Коментирање:  „Изјавите“  „велат оттаму“, „велат во општината“, се вешто инкорпорирани во текстот да делуваат како скриено коментирање.   

Оригиналност/Плагијат: Текстот е без потпис на авторот.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационалистички и вознемирувачки.

Фотографија: Фотографијата е тенденциозна со претстава на помошна општинска барака со стара фасада и влез, што треба да ја дополни негативната перцепција за оваа општина.

Заклучок: Едно од основните етички правила кои се содржани и во Кодексот на новинарите на Македонија е настојување на новинарот во секоја ситуација да ја избегне пристрасноста и да им даде можност и простор  за одговор на оние кои се нападнати. Новинарот не смее да употребува пејоративни термини во вест.

Во овој новинарски производ е очигледна пристрасност кон владеачката структура, што се огледа во нагласено пренесеното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која на локалните избори ја изгуби оваа општина и упорно и тенденциозно ја омаловажува, прикажувајќи ја како неспособна да се справи со локалните проблеми. Со овој текст се помага во таквата намера.

Во текстот не е испопчитуван став 2 од Етичкиот кодекс на принципи на однесување на новинарите на ИФЈ (Меѓународна федерација на новинарите ), кој е влезен и во член 14 на Кодексот на новинарите на Макеоднија.

Став 2 од кодекс на ИФЈ

Новинарот мора да даде можност  за одговор на оние кои се нападнати; новинарот мора да биде непопустлив кон примамливото влијание на комерцијалните и политички интереси.

 

Член 14

Новинарот мора да обезбеди проферсионална дистанца од политичките субјекти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести