verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Жерновски наместо со проекти, мандатот го започна со деструкции и блокади

on 17 - 05 - 2013       

Nula dies sine linea – ни ден без збор за „деструктивецот“ Андреј Жерновски.

Рецензија: Жерновски наместо со проекти, мандатот го започна со деструкции и блокадиЛинк до оригиналниот напис: Жерновски наместо со проекти, мандатот го започна со деструкции и блокади

Датум и време на објавување: 25.04.2013, 19:40

Датум на рецензирање: 07.05.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост: Написот на Курир за почетокот на мандатот на скопскиот градоначалник Андреј Жерновски се темели на наводи, од кои само за некои сме сигурни дека се вистинити (најавата за ревизија на проектот „Скопје 2014“, на пример). Повеќето наводи во текстот се со сомнителна веродостојност, пласирани со очигледна намера да се оцрни Жерновски.

Извори на информации: Текстот има карактер на еден поширок коментар, но претендира да се потпре врз наводни искази на извори. Велиме „наводни“, зашто во него се цитираат три анонимни извори: неименуван извор од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, неименуван извор од Министерството за култура и анонимни „граѓани на социјалните мрежи“.

Единствениот „извор“ кој упорно недостасува е самиот Жерновски. Не е соопштено дали е направен обид од него да се побара изјава. Со еден збор, изворите се нерелевантни и еднострани.

Пристрасност: Во текстот доминираат сериозни извртувања на вистината, а читателот се сомнева дека има и целосни измислици. На пример ова:

„Нашиот извор вели дека директорката на Јавното претпријатие Паркинзи, Маргарита Бакев, ќе биде меѓу првите кои ќе бидат сменети од оваа функција.“

Или:

„Според информациите, во друштво на Жерновски денеска во општина Центар биле и бизнис партнери предводени од поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов, кој во предизборието беше поврзуван дека ќе има голем ќар од градоначалничката функција на лидерот на ЛДП.“

Уште еден интересен спин:

„Граѓаните на социјалните мрежи реагираат на ваквите најави на Жерновски, со обвинувања дека за опозицијата растурањето и неправењето ништо се нејзини омилени дејствија.“

Нема дилеми дека станува збор за политички пристрасен напис, чија цел е да докаже дека новиот градоначалник мандатот го почнал со „деструкции“.

Коментирање: Написот во целина е еден нерубрициран и непотпишан коментар, во кој тезите се интегрирани во искази на анонимни и нерелевантни извори. Самиот лид на текстот е коментар:

„Наместо со проекти, програма и идеи кои ќе бидат во функција на подобрување на животот на жителите на општината, Жерновски се зафати со одмазда, најави за рушење, смена на вработените и деструкции“ и тој ја определува „бојата“ на текстот.

Плагијат: Вообичаено за коментарите во некои наши медиуми, авторот не е наведен.

Квалитет на насловот: Тенденцијата и коментаторскиот пристап се присутни уште во самиот наслов, со јасната теза дека наместо со проекти, новиот градоначалник мандатот го почнал со деструкции. Таквиот наслов нема информативна вредност, но соодветно го воведува коментарот на авторот.

Говор на омраза: Текстот содржи навредливи оценки за градоначалникот на Центар (како тврдењето „се зафати со одмазда“, на пример, или оценката дека „Жерновски очигледно сака да биде мал Бранко Црвенковски“), очигледно насочени кон дискредитација на неговата личност.

Заклучок: Во дел од провладините медиуми, продолжува црната кампања против новиот градоначалник на скопската општина Центар, која кулминираше во кампањата и особено во деновите после вториот и третиот изборен круг. Во таа кампања не се штедат не само спинови и неодмерени критики, туку и директни навреди, чија цел е да се оцрни ликот на Жерновски. Овој напис е еден од примерите за тоа.

Рецензија: Жерновски наместо со проекти, мандатот го започна со деструкции и блокади

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести