verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Групна анестезија

on 9 - 10 - 2015       

Заев си избира обвинител  Јанева молчи  Башеска презакажува-crop-resize

[Рецензија: Заев си избира обвинител, Јанева молчи, Башевска презакажува]

 

Една од основните карактеристики на политичкиот живот годинава е аферата „Пуч“, која има и некакво свое судско пледоаје (обвинение). Сигурно дека оваа афера беше само една во низата други, отворени со сознанијата дека се прислушувани повеќе од 20.000 граѓани кои откриваа дузини и дузини афери на самата власт. Тие, пак, афери немаа свое судско пледоаје, иако постоеше основа, па ова беше една од причините зошто меѓународната заедница инсистираше на формирање специјално обвинителство – отвореното сомневање дека најпрвин обвинителстото, а потоа и другите чинители на судската власт се способни за непристрасно и за правично судење. Впрочем, во тоа и се состои во голем дел и кризата: создадени се проблеми, а постoјните институции не можат да ги решат.

Весникот со споменатата статија се обидува да прави притисок во насока редовното судство да ги реши (решава) клучните афери низ текст што ако некој би го читал, а е надвор од земјава, секако би рекол – навистина, зошто судијката толку пати го одложува судењето на лидерот на опозицијата?

Заев си избира обвинител  Јанева молчи  Башеска презакажуваЛинк до оригиналниот напис: Заев си избира обвинител, Јанева молчи, Башевска презакажува

Датум на објавување: 05.10.2015, 23:15

Датум на рецензирање: 06.10.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе се појави во суд за случајот „Пуч“, во кој тој е обвинет за случајот на насилство на највисоки државни органи, односно за уцена на премиерот Груевски со материјали од прислушување само ако обвинител против него е специјалната обвинителка Катица Јанева“. изјави адвокатот на Заев.

Со оваа воведна реченица, како и во понатамошниот тек на текстот, имаме или нешто што народот го вика „правење на Тошо“ или се работи за проверка дали врз нас како читателска публика влијаат обидите за колективна амнезија. Значи, треба да се прескокнат сите настани кои така драматично ја потресоа земјава за да се дојде до некаков предјануарски статус на политичката стварност! Во меѓувреме се случија сите оние „бомби“, почнаа преговорите со помош на меѓународните посредници, имаме два договори од Пржино со кои е регулирана материјата за која говори текстот, постои изјава на Заев, стара барем два месеци, дека нема да се појавува на суд… Ама сите тие месеци и сите тие документи се небитни. Како да постои некоја волшебна формула со која политичките собитија би се ставиле во временски фрижидер и тоа со толкава леснотија што едноставно треба да влијаат на нашата меморија како некаква „крпа за бришење на стварноста“ или суперспин по кој сите паѓаме во лесна кома.

За некој што пишува текстови од толку чувствителна, политичка природа, следењето на дневните настани би требало да биде обврска, а тука се вклучува и немањето потреба да се поставуваат вишок прашања. Дознаваме низ овој текст дека на обвинителката Јанева како редакција, односно автор, ѝ се доставувале прашања од типот дали би го земала случајот „Пуч“ и ако го земе, кога би го сторила тоа, иако таа веќе еднаш одговорила на тие дилеми! Од обвинителка, особено со тие задачи што ги има, не треба да се очекува дека ќе биде постојано на линк со новинарите и тоа во функција на таблета „меморил“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

Ги нема најсуштествените

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

Се рабиоти за фотомонтажа, со непознат автор

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

Има постојана иронија кон првиот човек на опозицијата

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести