verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев продолжи со заканите кон новинарите и сопартијците

on 18 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Заев-продолжи-со-заканите-кон-новинарите-и-сопартијците-crop-rresize

 

Овој текст е само дел од низата текстови објавени последнава недела со тенденција да се нападне и оцрни лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој во јавноста излезе со „бомба“, обвинувајќи ја власта дека прислушувала повеќе од 20.000 граѓани. Авторот се повикува на ставови и на мислења на експерти, иако од нив нема ниту трага ниту глас во написот, од што може да се заклучи дека тоа се ставови на самиот автор, кој во овој случај е анонимен.

Заев продолжи со заканите кон новинарите и сопартијцитеЛинкуван наслов на анализираниот напис: Заев продолжи со заканите кон новинарите и сопартијците

Датум и време на објавување: 13.02.2015

Датум на рецензирање: 17.02.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Опозицискиот лидер Зоран Заев и во вечерашното интервју за Алсат-М продолжи со заканите преку материјалите кои ги поседува, кон новинарите и сопартијците. Заев повтори  дека на некои луѓе ке им подели папки со неовластено снимените материјали, а наводно потоа ќе го уништел материјалот.“

Во пренесените изјави на Заев, никаде не може да се прочита каква било директна или индиректна закана упатена кон кој било новинар или негов сопартиец. Заев само набројува дел од лицата што биле прислушувани, посочувајќи дека на истите ќе им ги предаде папките со разговорите.

„Бранко Црвенковски исто така бил долг период. Јас, Радмила, Стево Пендаровски гледам дека сме во еден сличен период ставени на машина. Кога дефиниравме дали Заев или Радмила ќе биде мандатор за владата, а Стево беше дел од тимот на Шекеринска, заедно со Зоран Јовановски. Тука се и Тито Петковски, тука е и Андреј Жерновски, Јово Манасиевски, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски, рече Заев.“

Она што е претпоставка на авторот, тука е презентирано и пренесено како факт, што е недозволиво за еден професионален новинарски текст. За тие претпоставки во очите на читателот да изгледаат убедливо, авторот се повикува на некакви експерти, а нивни изјави нема никаде во текстот.

„Експертите додаваат дека оваа порака пред сѐ  е насочена кон сопартијците и коалиционите партнери на Заев, кои на тој начин би станале обични марионети во рацете на струмичкиот градоначалник.“

Кои се тие експерти и закани останува енигма до крајот на написот. Текстот е политички пристрасен, што може да се види и од последниот пасус.

„Во меѓувреме, Владата непречено работи, реализира проекти, се отвораат фабрики и нови вработувања. Наспроти ова, оној што треба да е алтернатива на власта сее страв, фрустрации, гнев, закани и уцени и е во еден перманентен грч.“

Лесно е да се каже дека Владата непречено работи и реализира проекти, но, за тоа да остави некаков впечаток кај читателот, потребно е да се наведат факти и бројки, а не само пофалби. Она што недостига во овој дел се реалните податоци, кои проекти се реализираат и какво влијание тие имаат врз граѓаните и општеството, итн.

Да се напише текст само колку да се каже дека Владата работи, а опозицијата сее страв и закани, без притоа да се наведат конкретни факти, е само обид да се манипулира читателот дека едните се богови и непогрешливи, а другите се ѓаволи кои по секоја цена сакаат да го срушат „рајот“.

Тоа, според професионалните правила, не е новинарство, туку политичка пропаганда.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести