verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев го лаже членството на СДСМ дека за шест месеци ќе има избори

on 3 - 06 - 2014       

sitel_com_mk_mk_zaev-go-lazhe-chlenstvoto-crop-resize

Прилогот со навредлива интонација во насловот: Заев го лаже членството на СДСМ дека за шест месеци ќе има избори, не посочува прецизни извори, нема факти и аргументација, меѓутоа има виртуелни експерти кои дошле до спектакуларно откритие дека СДСМ подготвува заговорничко сценарио против власта! Овој шпекулативен материјал нагласено се труди да ѝ наштети на најголемата опозициска партија, притоа обвинувајќи ги социјалдемократите дека наводно, лобирале кај дипломатите „Македонија да ја изгуби препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ“. Но, фактички, ваквата трагикомична конструкција е во функција на создавање алиби  и подготвување на терен да се амнестира власта од одговорност, доколку навистина ја изгубиме препораката за почеток на преговорите.

sitel_com_mk_mk_zaev-go-lazhe-chlenstvoto-na-sdsm-deka-za-shest-meseci-kje-ima-izboriЛинк до оригиналниот напис: Заев го лаже членството на СДСМ дека за шест месеци ќе има избори 

Датум и време на објавување: 28.05.2014, 19:07

Датум на рецензирање: 30.05.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ВЛАСТА ФИНА, ОПОЗИЦИЈАТА ЛОША!

Материјалот што го рецензираме има сериозни проблеми со вистинитоста и со изворите. Па така, затскривајќи се зад вообичаената формулација „партиски извори“,  уште во самиот старт на прилогот се тврди дека лидерот на СДСМ им велел на пратениците:

„Слободно поднесете оставка, ќе има избори за шест месеци“,

Наводно, ветувајќи им „дека повторно ќе бидат на сигурни места на изборните листи“. Но, ваквите  наводи не може да се потврдат и се добива впечаток дека се само  произволно нафрлeни.

Прилогот не нуди ниту аргументи за тоа врз основа на што конкретно се темели  констатацијата:

„Факт е дека со неприфаќање на мандатите и бојкот во парлaментот, СДСМ ќе биде посочена како главен виновник за евентуалното губење на препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ.“

А, всушност, оваа спинерска конструкција има за цел да креира атмосфера дека владејачката партија е толку многу фина и  прави сѐ за деблокирање на евроатланските интеграции, но опозицијата  е лоша и го минира процесот!

 

„ЗАГОВОР“

Приказната која ѝ се сервира на публиката се заокружува со „заговорот“ што го  обзнануваат виртуелни експерти и неименувани партиски извори :

„СДСМ ги моли странците за помош, убедувајќи ги да ја одземат препораката, за ВМРО ДПМНЕ да изгуби на внатрешен и меѓународен план.“

 

„ СДСМ смета дека на овој начин ќе се создаде внатрешен притисок од јавноста и наредниот период ќе ја провоцираат ДУИ да излезе од Владата“

Сепак,  текстот не посочува докази за да ги убеди гледачите дека навистина станува збор за некакво сценарио во режија на опозицијата. Бидејќи, публиката не може безрезервно да верува во сѐ што ќе ѝ се понуди како информација, особено, ако зад неа стојат анонимни извори.

Гледано од тој аспект, Преамбулата на новинарскиот Кодекс jасно кажува дека „основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија“,  а во првиот амандман (ставовите 2 и 4) децидно стои:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци …

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“

 

 НАТЕЖНУВА ОД ПРИСТРАСНОСТ

Во овој прилог е илузорно да се бара балансираност. Тој е целосно едностран и натежнува од критики кон социјалдемократите. Пристрасноста е забележителна низ целиот текст во кој се нижат коментаторски елементи протнати како мислење на експерти, или пак, како партиски став:

Најавите на Заев се класична манипулација, бидејќи терминот за избори воопшто не зависи од опозицискиот лидер.

 

Заев по 4 години ќе треба да им објасни на пратениците зошто ги терал да застапуваат политика на бојкот, која ниту донесе некакви резултати во минатото, ниту има некаква полза за државата

И заклучокот на  текстот е во коментаторски стил, при што во последната реченица  се тврди:

„СДСМ не се потпира на довербата од народот, туку на странскиот фактор и доминантната албанска партија“. 

Недоличниот говор пак, во насловот каде што, несомнено, намерно е употребена формулацијата: „Заев лаже…“,  дава навредлив тон на целиот прилог . Впрочем, во овој  претенциозен и политички некоректен текст, во кој потфрлиле стандардите и етички исправното новинарство, и во кој ја нема професионалната дистанца, оддалеку е видлива намерата по секоја цена да се дискредитира опозицијата, пред сѐ, нејзиниот лидер.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести