verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вулгарен атак врз угледот на опозиционер

on 14 - 08 - 2015       

radmila-porno-crop-resize

 

[Рецензија: И Шеќеринска со Драги Шпага или Карло Бос во реалното шоу „Големиот Брат“?!]

 

Предмет на оваа рецензија е четиво кое нема ништо заедничко со новинарството и кое како кукавичко јајце им е подметнато на читателите помеѓу информативните материјали, вообичаено пласирани од медиумот што ова го објавил. Текстот претставува отворен атак врз моралниот лик и врз угледот на личност од редовите на најголемата опозициска партија. Содржината на написот е една низа од навредливи шпекулации и од инсинуации без основа, без извор, па дури и без обид  пласираното да се претстави како информација добиена од каде било, туку отворено се кажува дека тврдењата произлегуваат од она што „сосема реално може да се очекува“ иако, реално, никој не може да согледа зошто е тоа така.

Тврдењата дека потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шекеринска, „сосема реално може да се очекува“ да биде поканета да учествува во реалното шоу „Големиот брат“, познато по контроверзните случувања и секси-сцени, само затоа што е фотографирана со еден од потенцијалните учесници во шоуто од Македонија, кој, патем, наводно бил и порно-актер, се онолку далеку од паметот колку што се далеку и од вистината. Во меѓувреме, по објавувањето на овој напис, некои домашни медиуми објавија дека единствениот учесник во „Големиот брат“ од Македонија ќе биде сосема друга личност, а не човекот со кого е сликана Шекеринска.

Рецензија: Вулгарен атак врз опозиционерЛинк до оригиналниот напис: И Шеќеринска со Драги Шпага или Карло Бос во реалното шоу „Големиот Брат“?!

Датум и време на објавување: 6.08.2015, 14:20

Датум на рецензирање: 10.08.2015

Рецензент: Југослава Дуковска

Нема ниту еден единствен факт што ќе го поткрепи изнесеното во овој текст. Се работи за инсинуирање за некаква поврзаност на една проминентна личност од редовите на опозицијата, каква што е Шекеринска, со личности од светот на порно-филмовите и како „доказ“ се нуди фотографијата на Шекеринска со личност чијшто идентитет е даден со прекар, а информацијата за неговата наводна професија – порно-актер – читателите од само на авторот позната причина, би требало да ја знаат како однапред познат факт (!?)

„Од кругот на Драги Шпага најпозната јавна фаца е Радмила Шеќеринска. И сосема реално е да се очекува дека Шпага ќе го искористи познанството и пријателството и ќе ја покани и таа да биде учесник во „големиот Брат“.“

Фотографија на која е потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз со една личност, чијшто идентитет не е пошироко познат на јавноста, е претставена како некаков извор на информации за написов. Дали е на неа Драги Шпага, кој е, всушност, тој човек и зошто е наведен со име и со прекар (или можеби се работи за псевдоним што тој го користи во својот занает, не знаеме) и прашање е зошто една фотографија би била доказ за едно така призволно тврдење, тоа го знае само тој што го срочил ова писание.

Спинот во оваа приказна е длабоко навредлив и вулгарен и му служи на чест на тој што го напишал и објавил, бидејќи е направен за да ја изврти вистината, зашто повеќе од јасно е дека нема шанси Шекеринска да учествува во „Големиот брат“, туку дека целта на текстот е да ја оцрни попретседателката на најголемата опозициска партија во државата. Кога ова ќе се стави во контекст на написите за Радмила Шекеринска кои во континуитет ги објавува истиов весник и со кои отворено ја напаѓа за цела низа теми – од наводни скандали до тривијалности од типот: „Каде одлетаа Рада и Бобо (сопругот) додека СДСМ кампува пред Влада?“, се добива конкретна слика за фокусираноста на медиумот на дискредитирање на Радмила Шекеринска.

Ниту прашалникот и извичникот на крајот на насловот на написот „И Шеќеринска со Драги Шпага или Карло Бос во реалното шоу „Големиот Брат“?!“, кои треба да одглумат некакво оградување од тврдењето, не можат да ја скријат вистинската намера на непотпишаниот автор (или авторите) на текстот, а тоа е отворено да атакуваат врз ликот и угледот на една јавна личност.

Фотографирањето на јавните личности (актери, спортисти, политичари) со своите обожаватели е дел од нивната обврска кон нив, бидејќи тие и се јавни личности поради нив, поради јавноста која на некој начин се поистоветува со тие личности, со нивните ставови, дела или постигнувања. Фотографијата со која е илустиран текстот ја прикажува Шекеринска пред зградата на Владата на РМ со уште една личност кого медиумот го нарекува Драги Шпага и таа е една од многуте направени за време на кампирањето на опозицијата пред Владата во текот на мај и на јуни 2015 година. Сама по себе, таа ништо друго не кажува, освен дека претставник на опозицијата се фотографирал со симпатизер на партијата.

Текстови како овој што го рецензиравме се примери за тоа како се девалвира новинарството и неговата функција да ја пренесе информацијата за вистински настани, процеси или новости до корисниците, на јасен, прецизен и концизен начин, запазувајќи ги новинарските правила на пишување. Во овој текст нема ниту настан, ниту вистина, ниту новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

нема факти

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нема извори

нема извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

написот пренесува невистини

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести