verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Во понеделник почнува војна во Скопје ако не бидат ослободени осудените од Монструм!!!

on 25 - 07 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

pvp-09876-098-crop-resize

Ако зборот е едно од најмоќните и најчесто користени орудија за длабење на новинарската мисла и за пренесувањето на одредена информација, тогаш тој мора да е одмерен, прецизен и двапати да се мери пред да се употреби. Насловот на текстот што го рецензираме отстапува од овој принцип и остава впечаток на преголема жестокост, силина и загревање на ситуацијата.

pvpЛинк до оригиналниот напис: Во понеделник почнува војна во Скопје ако не бидат ослободени осудените од Монструм!!!

Датум и време на објавување: 14.07.2014, 09:20

Датум на рецензирање: 22.07.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Пред нас се наоѓа информација преземена од друг медиум, при што не е вложен никаков дополнителен напор таа да се провери (или барем од изложеното тој напор не е видлив), ниту, пак, да се направи обид да се дојде до изворот, односно до „герилската формација“. Се препорачува новинарот пред преземањето  и реобјавувањето на било која информација да се запраша кои се мотивите на оној што објавува нешто, дали тие се кредибилни и дали „држат вода“. Контекстот некогаш значи повеќе од самата информација.

Во изнесеното не можеме да дојдеме до информацијата – на кој начин оваа „герилска формација“ пристапила до медиумите за да ги каже своите барања, доколку ова навистина се случило.

Иако како извори се цитираат два српски медиуми, сепак, зачудува зошто воопшто не е направен контакт со луѓето од оваа формација. Дали новинарот ги видел? Дали тој е сигурен дека постојат? Зошто е сигурен? Одговорите на овие прашања ќе дадат насока и дали работата на новинарот е докрај завршена ако само преведе вест од странски медиум.

Се разбира дека темпото на дневното новинарство како и онлајн платформите отвораат можност за преземање вести и во тоа нема ништо спорно, но, прашањето е кога и за каков тип вести тоа се прави и дали треба да се прави и при известување за сензитивни теми со висок ризик да се предизвикаат дополнителни страв, паника и тензии и зошто тоа се прави.

Не е логично „предупредувањето“ за „војна“ ако е познато дека основниот порив на новинарот е да бара факти и проверени информации или барем да покаже дека се обидел тоа да го стори, но не му било овозможено. Во случајот тоа не го гледаме.

Насловот сериозно може да предизвика паника, бидејќи се презентира со потврдна реченица, сигурно, уверено и како тврдење, сето тоа засилено со интерпункција. Таков наслов е нелогично да се користи кога нешто веќе не се случило. Зошто би се најавувала „војна“? Зошто е употребен тој збор воопшто? Да се информира за почнување „војна“ на ваков начин едноставно е неодговорно.

Текстот е целосно преведен од српски медиуми со наведување и цитирање (атрибуција) на изворите.

И покрај формалното постоење на извор на информацијата, сепак, треба да се има причина за цитирање на тој извор и да се поверува во вистинитоста на она што го презема. Преземањето вести од други извори покажува стојалиште на оној што тоа го прави, дека им верува на тие извори. Иако медиумите што се цитирани во случајот се мејнстрим (станува збор за српскиот национален сервис како прв извор), сепак, во објавата никаде не може да се пронајде заклучокот за тоа од каде се црпат изформациите за кои се пишува. Недостасува многу важната информација, од каде е „коминикето“ на кое се повикува текстот.

И Здружението на новинари, осврнувајќи се на етичкиот кодекс, повика преку соопштение новинарите свесно да не создаваат ниту да преработуваат информации кои поттикнуваат насилство и дискриминација по било која основа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести