verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Во Македонија веќе се продаваат ГМО семиња – Фирмата ги рекламира на својот сајт (Фото)

on 10 - 06 - 2013       

Актуелна тема, покриена со целосна дезинформација и со текст што покажува комплетно непознавање на областа што се третира.

Рецензија: Во Македонија веќе се продаваат ГМО семиња – Фирмата ги рекламира на својот сајт (Фото)Линк до оригиналниот напис: Во Македонија веќе се продаваат ГМО семиња – Фирмата ги рекламира на својот сајт (Фото)

Датум и време на објавување: 24.05.2013, 10:15

Датум на рецензирање: 26.05.2013

Рецензент: Ѕвездан Георгиевски

Вистинитост: Во текстот не се прави разлика меѓу „семенски хибриди“ и „генетски модифицирана храна“, па се изведува погрешен заклучок дека наведената фирма „Геотермика“ рекламира продажба на семиња за генетски модифицирани производи.

Извори на информации: Во текстот се цитира сајтот на фирмата „Геотермика“, но од него се гледа дека фирмата ги продава производите за кои се обвинува.

Содржајност: Во веста воопшто не се објаснува што е генетски модифицирана храна, ниту се повикува на европската регулатива по ова прашање, а не се консултираат ниту стручњаци, ниту пак претставници на фирмата.

Пристрасност: Се работи за класична сензационалистичка вест, која има намера да привлече читатели, без да се води сметка за реалните факти.

Коментирање: Написот во 90 проценти е копија на текстот од рекламниот веб-сајт на „Геотермика“.

Плагијат: Веста нема наведено автор (веројатно, погрешно, ја третираат за агенциска вест), но наведен е линкот до сајтот на компанијата, од каде што е преземен голем дел од текстот.

Квалитет на насловот: Насловот е јасен, но со оглед на тоа дека целата вест е дезинформација, и тој дезинформира.

Фотографија: За илустрација се користат скриншоти од веб-сајтот на фирмата „Геотермика“.

Рецензија: Во Македонија веќе се продаваат ГМО семиња – Фирмата ги рекламира на својот сајт (Фото)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

6 мисли во “Рецензија: Во Македонија веќе се продаваат ГМО семиња – Фирмата ги рекламира на својот сајт (Фото)

  1. Бараме итно извинување од авторот на оваа рецензија и целосно повлекување на истата – бидејќи се работи за тендециозна, невистина и во најмала рака рецензија која без аргументи се обидува да го урне реномето на нашиот сајт.

    Вие како сајт кои се води дека треба да ги веруфикува фактите – НЕ ВИ ДОЛИКУВА да објавувате реценција за која не би ни сакале да помислиме дека е ,,нарачана,,. гО ОБВИНИВТЕ НАШИОТ САЈТ ЗА ДЕЗИНФОРММИРАЊЕ И СПИНУВАЊЕ и доколку не добиеме извинување и отстранување на оваа ,, смешна,, рецензија ќе бидеме принудени да побараме и правна заштите.

    Ова го бараме поради следниве факти!!

    1. текстот е копија од сајтот на геотермика и тоа е јасно наведено во текскстот – не можеме ние да ги спинуваме информациите кога самата фирма тоа си го напишала на својот сајт. велите било делумен плагијат?? авторот нека прочита поубаво што значи плагијат – кај нас е наведено точно од каде е превземан текстот – а впрочем тоа и е поентата да пренесеме како се рекламира фирмата.

    2. на сајтот јасно стои логото на МОНСАНТО фирма која е сопственик на фирмата со која соработува македонската геотермика – а е фирма која произведува ГМО семиња.

    3. во описот на семињата кои ги нудат јасно е наведено дека се отпорни на одредени болести, инсекти итн – што значи за да ги има тие својства семето мора да е генетски модификувано и интервенирано во него!!!

    4. ако авторот на рецензијава нема информации за ГМО слободно нека прошета по нашиот сајт ќе најде најмалку 10 текста на истата тема – а не да не обвинвуа дека не сме објасниле што е ГМО.

    5. доколку авторот не знае што значи кога наместо автор зад текстот стои сајтот еве ќе му објасниме – тоа не значи дека е агенциска вест туку дека зад текстот стои уредништвото и сајтот и не е авторски текст од еден автор.

    5. велите нема факти?? и насловот бил сензационалистички?? фирмата постои, фирмата се рекламира на својот сајт, зад фирмата стои МОНСАНТО – а насловот е во македонија веќе се продаваат ГМО семиња – каде видовте овде дезинформација??

    ова писмо ќе биде упатено и до вашите финансиери.

    Со почит
    Уредничкиот тим на МКnews

  2. Разликата помеѓу хибрид и ГМО е ОГРОМНА! Хибридот се добива со природно вкрстување на различни типови на растенија од ист вид (домат се вкрстува со друг домат) додека ГМО се добиваат со додавање на гени од други растенија па дури и животни во основното растение(во доматот се додаваат гени од отровен бршлен). Едуцирајте се пред да коментирате и пред да пишувате глупости

  3. Ај уште попросто објаснување, сакаме да добиеме куче со долго влакно како бернандинец но со црна боја како ротфајлер. За таа цел се спаруваат единки од ротфајлер и бернандинец, од сите добиени кученца се избираат оние што ги имаат посакуваните особини и понатаму тие се вкрстуваат меѓу себе се додека не се добие хибрид бернандинец-ротфајлер кај кој што сите единки ќе имаат долго црно влакно. Нема тука никаков генетски инженеринг туку само селектирање на единките со посакуваните особини и нивно понатамошно размножување.

  4. Драги ентузијасти од MKnews:
    Авторот на рецензијата е потпишан со име и презиме, што не може да се каже за вас (на сајтот немате импресум, што мене ми кажува дека е можно воопшто да не сте медиум, туку нарачан сервис за плукање). Да сум јас на местото на рецензентот, не би прифатил никаква аргументација од анонимни „новинари“.

  5. Блед обид Зоран – кој се и што се – очигледно им е битно само на ,,нарачани плукачи,, како тебе. На луѓето им се битни информациите, а не имињата.
    Sertan – Монсанто кутрите се невино обвинети од цел свет дека го преплавија светот со ГМО?? ОТВОРИ ГО САЈТОТ НА ГЕОТЕРМИКА и види чии застапници се и после кажи ми дека нивните хибриди се како твојот пример со кучињата?? тоа едно – друго – со хибриди се менува облик, големина, можеби боја и слични карактеристики како во твојот пример со кучињата НО НЕМА ХИБРИД КОЈ ЌЕ НАПРАВИ СЕМЕ ОТПОРНО НА ПЕСТИЦИДИ И ИНСЕКТИ ако не е генетски модофикувано… брука сте со рецензијава да ми е само да знам кој ви ја нарачал !!!!!!!!!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести