verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Во автобуси – со закани и уцени на трибина на Груевски – присуството задолжително!

on 18 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

03162015-CentarNews-Vo-avto-crop-resize

 

Една техничка информација, поврзана со организирањето партиската трибина на ВМРO-ДПМНЕ, потклекнала на искушението да биде нешто повеќе, но тоа повеќе не е во согласност со професионалните новинарски стандарди и, од тој аспект, авторот и медиумот си направиле проблем.

Во ерата на една целосна медиумска понуда, која, покрај традиционалните медиуми, е максимализирана со информациите што им стојат на располагање на корисниците на медиумските интернет-платформи во сите форми, изборот е навистина исклучително богат. Но, тоа не значи дека тој избор нема правила. Во лекцијата „Фејсбук не е простор за новинарско самопослужување“, колегата Саше Димовски, многу јасно става до знаење:

„Медиумите можат да објават лични податоци или приватни фотографии на јавни личности само доколку докажат дека јавниот интерес преовладувал над приватниот. Секое друго преземање на податоци, во најголема мера фотогрaфии од социјалните мрежи, не е дозволено и се казнува. Новинарско самопослужување со туѓи фотографии, без дозвола е спротивно на закон.“

Овој цитат, како дел од лекцијата, е недвосмислен во која рамка треба да се гледа посегнувањето по содржини од социјалните мрежи. Иако во текстот што го рецензираме не се соочуваме со драстично кршење на правилата пропишани со Кодексот на новинарите или со законските одредби од различните закони кои ја покриваат оваа материја, оваа рецензија укажува на тенката линија по која одат медиумите и медиумските работници.

03162015-CentarNews-Vo-avtoЛинк до оригиналниот напис: Во автобуси – со закани и уцени на трибина на Груевски – присуството задолжително!

Датум и време на објавување: 15.03.2015, 10:58

Датум на рецензирање: 17.03.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Дури и да земеме дека едниот принтскрин, оној каде што не е јасно дека станува збор за порака за еден окружен комитет на партијата што го организираше собирот, тое не може да биде земено за грев зашто, сепак, спаѓа во вообичаена и очекувана комуникација на партиските структури со своето членство.

Другите две „позајмени“ пораки од „самопослугата социјални мрежи“, имаат една проблематична нишка зашто наведуваат дека „за вработените одењето е задолжително“. Податоците за „сопствениците“ на овие пораки се замаглени за да се зашти медиумот од евентуалното обвинување за „упад“ во приватноста, но новинарската задача не требало да заврши тука. Секако, според принципот „втора страна“, ќе беше многу попрофесионално доколку имавме изјава во врска со овие „препораки“, но…

Исто така, за волја на вистината, мора да се прифати дека во објавените принтскринови не можеме да видиме закани и уцени, и, според тоа, паѓа во вода насловот на овој текст. Бидејќи насловите се излогот на новинарските тсктови, мора да констатираме дека излогот на оваа медиумска содржина не соодветствува на „продуктите“ во „продавницата“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести