verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Внимавајте: BOSCH i SIEMENS машините за садови предизвикуваат пожари

on 7 - 11 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

BOSCH-i-SIEMENS-crop-resize

Оваа вест го има оној потенцијал да докаже дека спаѓа во онаа категорија новинарски содржини што ја демонстрираат моќта да предупредат, да информираат и да им помогнат на граѓаните да се соочат и да решат ситуации кои на некој начин ја загрозуваат нивната безбедност. За жал, овој потенцијал е упропастен зашто не се испочитувани елементарните правила за една вест.

BOSCH-i-SIEMENSЛинк до оригиналниот напис: Внимавајте: BOSCH i SIEMENS машините за садови предизвикуваат пожари

Датум и време на објавување: 06.11.2013, 14:47

Датум на рецензирање: 07.11.2013

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Веста е одложено вистинита. Нашата проверка на фактите кај овластениот дистрибутер и овластениот сервисер на домашните апарати од брендовите спомнати во текстот покажа дека на 1 септември имало официјално известување за корисниците на овие апарати во Македонија, призведени во периодот од 1999 до 2005 година, дека заради сигурност треба да се јават во сервисот за да се направи проверка и, доколку е потребно, да се замени одреден дел за кој во централните фабрики на овие призводи било утвредено дека имаат сериска грешка.

Ова известување до македонските граѓани било направено откако во март оваа година производителите утврдиле сериозни грешки на нивните производи продадени во споменатиот период, и тоа главно на сериите продадени во САД, Канада и Велика Британија.

Во меѓувреме, од главната дирекција на овие компании стигнала наредба ова да се провери и во Европа, па, така, акцијата била објавена и спроведена во септември оваа година. Во Македонија биле направени интервенции на 15-тина апарати.

Дистрибутерот и сервисерот за Македонија не тврдат дека нивната работа е завршена, но се прашуваат зошто некој што пишува на оваа тема не им се јавил за да се обезбеди најсоодветна и најупотреблива информација за сите што евентуално се засегнати со проблемот.  

Извори на информации: Многу е важно овој тип на новинарски текстови да бидат поткрепени со извори – и тоа со релевантни и стручни извори. Тоа на новинарската вест ќе и даде кредибилитет и, во овој случај, ќе биде многу поуверливо и ќе го покрене вниманието на засегнатите зашто предупредувањето во веста е многу сериозно.

Во случајот на веста што ја рецензираме не само што нема релевантни и стручни извори, туку нема воопшто извори. Од каде му се овие информации на медиумот? Од каде им се фотографиите? Зошто, ако се преземени, преведени од некој друг медиум, тоа не е наведено. Нема ништо страшно, ниту лошо во тоа да преземеш некоја вест. Само треба да се испочитуваат елементарните правила:

  • да се цитира доколку се презема директен исказ и да се наведе кој го вели тоа, која е неговата функција и за кој медиум е дадена изјавата;
  • ако се парафразира да се наведе од каде се парафразира;
  • ако се преземаат фотографии да се наведе нивното авторство и изворниот медиум;
  • доколку веста се пренесува од еден во друг интернет медиум, коректно е да се наведе и линкот…

Ништо од ова не е практицирано во веста што ја рецензираме. Уште повеќе, не е контактиран ниту дистрибутерот на апаратите за домаќинство за кои станува збор во Македонија, ниту овластениот сервисер. Нешто што прво треба да му падне на памет на новинарот кога прави ваква вест.

Содржајност: Оваа вест својата целовитост и содржајност ќе ја имаше доколку се направеа дополнителни напори за да добијат додадена вредност на веста што е преземена: да ги контактираат дистрибутерот и сервисерот на брендовите на белата техника за кои станува збор. На тој начин веста ќе имаше дополнителни информации за тоа дали и колку ризични апарати има во нашата земја, а читателите ќе имаа многу покорисна информација како да постапат и каде да се обратат доколку поседуваат апарати опфатени со ова предупредување.

Оригиналност/Плагијат: Прашање е колку е оригинален еден новинарски текст кога се пренесува на овој начин.

Квалитет на насловот: Насловот е вознемирувачки и сензационален, иако за такво нешто нема доволно елементи зашто во текстот воопшто нема информации за тоа во колкава мерка е опфатена Македонија со ризиците за кои се пишува во текстот.

Фотографија: Преземени од интернет порталите кои оваа веста ја имаат објавено во март оваа година. Не е наведено од кој медиум се преземени.

Заклучок: Да ја завршиме оваа рецензија со последната реченица во веста која гласи:

 

„Сите кои имаат во својот дом машини од овие брендови, произведени во овие години, не е лошо да ги контактираат овластените дистрибутери во Македонија.“

 

Не е лошо…“. Каква ли е оваа препорака ако ја споредите со вознемирувачките фотографии што го придружуваат овој текст. Но, тоа е само заради игноранцијата и отсуството на елементарната новинарска потреба да се консултира извор. Кога тоа се прави, кога се контактираат соодветни извори, работата на веста и самата вест добиваат една сосема друга, продуктивна, сеопфатна димензија, сообразена на влијанието што таа го има во себе.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

делумно

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор и извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

вознемирувачки

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести