Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, СДСМ нема да се оправи!
Објавено во Рецензии
on 19 - 05 - 2014 Автор: Зоран БојаровскиОд наднасловот (Нема консолидација), до последниот параграф, со неиздвоен коментар во новинарски извештај, („За да биде целата ситуација уште потрагична…“), овој текст е врамен во рамка од едностраност и коментирање кои не се автентични особености на еден новинарски извештај.
Напротив, вака структуриран текст е ништо друго освен пристрасен новинарски производ кој вклучува мислења аргументи.
Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, СДСМ нема да се оправи!
Датум и време на објавување: 11.05.2014
Датум на рецензирање: 12.05.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
Никако не оди една ваква новинарска постапка да се идентификува со податокот во глвата на овој медиум кој укажува дека тој постои цели 40 години. Едноставно е неможно медиум што истакнува дека е одамна во сферата на журналистиката да објавува аматерски новинарски продукти.
Како прво, не е јасно што е ова: извештај од конгрес на една политичка партија, анализа или мислење, или коментар. Во насловницата на текстот нема жанровска определба што ќе ја појасни позицијата од која е пишуван текстот.
Ако е извештај, тогаш е неприродно во него да се вметнуваат стари изјави искажани пред настанот со кој е поврзан овој новинарски текст. Ниту, пак, е природно единствената „свежа“ изјава да биде само од опонентите на раководсвото на политичката партија што одржа конгрес на 11 мај.
Додуша, има изјава од Заев, но ставена е во дефанзивен контекст. Зошто новинарот не вметнал и изјава на подршка на актуелниот лидер на партијата? Такви, секако, имаше на конгресот
Тоа е еднострано известување кое јасно го определува овој текст како пристрасен.
За да си ги надодаде проблемите, текстот има и коментаторски елементи, без да бидат издвоени од текстот:
„ За да биде целата ситуација уште потрагична, наместо да се покаже единство и цврстина…“
А, наднасловот и насловот се посебна приказна: ем е коментар, ем со ништо во текстот нема подршка за вака навивачки и партиски обоен наслов.
И, уште една, макар техничка забелешка, во периодот додека го рецензиравме овој текст, фотографијата во него не се отвораше (прекинат линк) што укажува на непрофесионален однос кон сопствениот медиум и кон публиката.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
1 извор
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
„Скршен“ линк
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови