verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Владата продолжува да инвестира во студентските домови

on 17 - 03 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-026-studentski-dom-crop-resize

Во најмала рака цинично зазвучува насловот на веста која донесува исказ на ресорниот министер за состојбите во студентските домови во Република Македонија. Но, тоа очигледно не го тангира авторот, па истиот исказ е извлечен и повторен и во поднасловот.

Кога ќе се земат предвид грозоморните слики на руинираните простории, нехигиената и крајниот стадиум на запуштеноста во која се наоѓаат сместувачките капацитети за студентската популација во државата, што беа вистински „хит“ во домашните и светски медиуми деновиве, на читателот веднаш му се наметнува едно логично прашање: ако на ваков начин Владата „инвестирала“ во студентските домови досега, зарем има логика да се фали дека на истиот начин и ќе продолжи? Токму оваа „поента“ на министерот Спиро Ристовски од насловот генерираше негативни коментари и критики во таа насока во јавноста, пред сѐ, на социјалните мрежи.

Самата вест е направена аматерски и претставува пренесување на исказот на Ристовски во врска со темата, но нема некои од основните елементи на една вест: кога, каде.

Рецензија: Владата продолжува да инвестира во студентските домовиЛинк до оригиналниот напис: Владата продолжува да инвестира во студентските домови

Датум и време на објавување:13.03.2014, 13:55

Датум на рецензирање: 14.03.2014

Рецензент: Југослава Дуковска

Прикриени, во случајов се сите, „неважни детали“, како, на пример, кога и каде говорел ресорниот министер Ристовски, дали се работи за пренесен дел од прес-конференција или медиумот сам го побарал министерот да одговори на прашања поврзани со очајната состојба со студентските домови во државата. И во првиот и во вториот случај написот е склопен така што  нема поширок контекст од кој читателот би разбрал зошто Ристовски токму сега зборува на оваа тема.

Спинот, евидентен во написов, во овој случај би можел да „увери“ само кај некој крајно неинформиран читател кој нема основни сознанија во каква состојба се студентските домови во Македонија. За сите останати, клучното тврдење е, во најмала рака, иронично.

Насловот некритички и пристрасен, а над сѐ друго – циничен, посебно кога ќе се земе предвид реалната состојба на студентските домови во Македонија. Акцентот е ставен на делот од исказот на ресорниот министер, каде тој вели дека Владата продолжува да инвестира во студентските домови, што, гледајќи ги ужасните сцени од руинираниот студентски дом „Гоце Делчев“, звучи трагикомично. Во овој случај насловот е во функција на алиби на власта која не ги исполнила своите ветувања.

Веста е некомплетна и се стекнува впечаток дека нејзината единствена намена е да ја спинува реалноста околу долгогодишната запуштеност на студенските сместувачки капацитети и неисполнетите ветувања, кои власта ги даваше во врска со реновирањето на студентските домови изминативе неколку години.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести