verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Министер истепа граѓанин! И точка! Крај на приказната!

on 18 - 07 - 2015       

http___www.kurir_.mk_makedonija_vesti-crop-resize

 

[Рецензија: ВИДЕО: Заговорот на платеникот на СДСМ Политико и Билјана Секуловска против Пешевски]

 

Текстот  што е пред нас е со целосно изместен фокус. Ја извитоперува вистината и притоа тепачот го претставува како жртва, а тепаниот како насилник! Во оваа медиумска содржина се невидливи тупаниците, шлаканиците и клоците на вицепремиерот за економски прашања. Па, наместо насилството на потпретседателот на македонската влада, на читателите им се прикажува, наводното, заговорничко сценарио против високиот државен функционер!

http___www.kurir.mk_makedonija_vestiЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Заговорот на платеникот на СДСМ Политико и Билјана Секуловска против Пешевски

Датум и време на објавување: 16.07.2015, 09:33

Датум на рецензирање: 17.07.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ШЛАКАНИЦИТЕ И КЛОЦИТЕ НА ПЕШЕВСКИ

Во овој тенденциозен напис се забележува навредлив тон кон опозицијата, нетрпеливост, па и анимозитет кон Ивановски и се етикетира новинарката Секуловска.

Така, на пример, уште на самиот почеток се констатира дека:

„Кулминираат лудилото и очајот во кој се наоѓа СДСМ. Нивниот платеник Саше Ивановски – Политико…“

 

„…. сосема координирано со соросовата новинарка Билјана Секуловска предизвикуваат инцидент…“

Видливо е дека станува збор за спинерски производ, кој го дава настанот во сосема поинакво светло. При тоа, ги извртува нештата и по секоја цена сака да го извлече министерот од „калта“. Токму затоа, намерно го игнорира фактот дека вицепремиерот физички го нападна Саше Ивановски. Па, наспроти овој момент, се повикува  на фрагмент од снимките од безбедносните камери на ресторанот пред кој се случи инцидентот (15 јули 2015 година) и „креира и лепи“ приказна во која, всушност, министерот е цел на напад!

„Политико се втурнува кон него загрозувајќи му ја приватноста, вербално напаѓајки го со потенцијал и физички да се пресмета со него, а сето тоа уште од почетокот по претходен договор го снима Секуловска“

Настрана тоа што со снимките објавени на каналот „Јутјуб“, а до кои „ексклузивно“ дошол порталот, се нарушува приватноста на споменатите личности и се крши Законот за заштита на личните податоци.

 

А ОДГОВОРНОСТ ЗА МИНИСТЕРОТ ТЕПАЧ!

Во прилог на тезата дека Ивановски и Секуловска, наводно, заеднички испланирале да го испровоцираат вицепремиерот за потоа да го снимат инцидентот, во текстот е пренесен и ФБ-статус на Пешевски. А како „аргумент“ дека „вицепремиерот е чист“ се наведува дека Ивановски „е лице кое се поврзува со голем број инциденти, со нестабилно однесување, и лице кое и претходно има направено инвазија на личниот простор на министерот!“ 

Само, во конкретниот случај, воопшто не е битно каква личност е Ивановски. Дали тој е новинар или не. Дали некој се согласува со неговиот начин на работа или не. Не е важно ниту тоа дали тој и Секуловска се договарале да го провоцираат Пешевски. Важно е дека министерот Пешевски истепа граѓанин! И точка! Крај на приказната!

Тука нема дискусија. Нека бил министерот и провоциран. Негов проблем е што дозволил да наседне на провокацијата, да покаже агресивност и да крене рака (па и нога) на некоја личност. И токму таа постапка треба да се осуди и да се побара негова одговорност.

А, не настанот да се обландира и од петни жили да се бара оправдување за министерот тепач! Тоа, нема врска со професионалното новинарство, туку наликува на одработување за нечии политички интереси.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

ја извитоперува

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести