verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ВИДЕО: Одвратно! Ларва живеела во увото на една жена

on 17 - 03 - 2014       

FireShot-Пулс-24-ВИДЕО-Одвратно-Ларва-живеела-во-увото-на-една-жена-crop-resize-pokrieno

Секој обид објавената содржина да биде ставена во некакви професионални новинарски рамки, за жал, остана безуспешен. Рутински поглед врз Кодексот на професионалните новинари укажува дека ниту еден член не е прекршен. Одговорот на прашањето зошто е тоа така е многу едноставен – во овој случај не станува збор за новинарски производ и токму затоа Кодексот тука не важи!

FireShot-Пулс-24-ВИДЕО-Одвратно-Ларва-живеела-во-увото-на-една-жена-pokrienoЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Одвратно! Ларва живеела во увото на една жена (Внимание: вознемирувачка содржина!)

Датум и време на објавување: 12.03.2014, 04.30

Датум на рецензирање: 15.03.2014

Рецензент: Тони Димков

Ако, сепак, се придржуваме до „новинарскиот устав“, тогаш клучните принципи кои излегуваат на површина, а би можеле да се однесуваат на оваа објавена содржина, се јавниот интерес, етичките вредности, угледот и достоинството на новинарската професија.

Тешко е, дури и невозможно да се одреди кој е јавниот интерес во објавувањето видеосодржина со ларва која живеела во увото на една жена. Уште потешко е да се одреди зошто некој медиум би пренесувал видео кое „не би го изгледале уште еднаш…“ Ако нешто е доволно бизарно и одвратно, тогаш зошто се објавува? За да се шокира јавноста!?

Одговор на ова прашање, сепак, има. Меѓу другите параметри, кои се користат за одредување на рејтингот на интернет-порталите, е и времетраењето на посета на одредена содржина. Покрај лајкови, ретвитови, број на читања на одредена содржина, важно е подолго време и да останете на одреден сајт. Токму затоа во содржините на порталите сѐ почесто се објавуваат видеосодржини. Крајниот резултат е колку поголема посета, толку поголем рејтинг, а со тоа и поголема можност да се придобијат повеќе спонзори и реклами. Значи, за пари се работи. Со тоа што во дадениов случај работата „малку“ избегала од стандардниот пристап. Сосема е јасно дека со вакви содржини не се покачува рејтингот на одреден медиум, туку напротив, се девалвираат етичките вредности, угледот и достоинството на новинарската професија.

 

СОДРЖИНА БЕЗ ФАКТИ

Методолошката анализа на содржината укажува дека, според видеото, настанот навистина се случил, но во текстот нема факти според кои би можела да се утврди нивната точност и веродостојност.

Изворот на содржината не е нагласен во текстот, туку со фотографија е пренесено неговото лого. Станува збор за вебсајт за споделување видеосодржини. Целта на основањето на сајтот е да им конкурира на другите мрежи со видеосодржини што ќе предизвикаат што поголем број коментари. Оттаму се јавува потребата за споделување и на бизарни видеа.

Содржината на написот, која е крајно опскурна, и коментирањето, се споени во едно. Читателот нема информации кога, каде, кој и зошто го снимил пренесеното видео. Содржината е сведена на информација дека станува збор за бизарно видео, кое е проследено со коментарот дека не би го погледнале уште еднаш.

Во функција на коментар е употребен и насловот на содржината. Има обид со насловот да се предизвика сензација, но истовремено видеото може и да шокира и да предизвика вознемиреност. Не е јасно зошто е потенцирано дека „настанот“ се одвивал во увото на една жена. Идентитетот на жената, за среќа, останал анонимен.

Тешко е да се утврди и дали станува збор за целосна или делумна копија на текстот, бидејќи видеото веќе не е достапно на сајтот што примарно го објавил. Текстот и видеото се проследени со фотографија, која е соодветна на содржината и го открива изворот на видеосодржината. Податоците за авторството на написот се со административен карактер.

Несоодветно би било во анализата на написот во овој случај да ги применуваме методолошките параметри пристрасност, дискредитација или говор на омраза.

 

НЕГАТИВЕН ЕФЕКТ

Рецензијата ја реализираме на барање на читател кој реагирал на објавената содржина. Неверојатно е што сѐ може да се појави во медиумскиот интернет-простор. Понекогаш е дури и одвратно! Вторава реченица, секако, не е наш коментар, туку само препис на коментарот со кој е објавено бизарното видео. Објавувањето на содржини, како овој напис, може да предизвика ефект на губење на довербата и целосно девалвирање на новинарската професија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не е апликативно

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести