verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Рецензија: (ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Под притисок од ВМРО-ДПМНЕ Роми се степаа кај Зелено Пазарче!

on 17 - 03 - 2014       

tepacka-na-Romi-crop-resize

Новинарството не е список на желби, ниту се прави со емоции. Докажано е досега дека само текстови кои се издржани и препрочитани по неколку пати предизвикуваат внимание кај јавноста и граѓаните им веруваат. За жал, пред нас денеска немаме таков текст. Уште од насловот се гледа тенденцијата по секоја цена да се изманипулира со нешто што е очигледно. Дури целиот настан е снимен со камера, а да биде иронијата поголема, напишаната изјава во текстот од извесна граѓанка, инаку учесник во тепачката, не е снимена со камерата. Вест која можела да биде сосема добра и сензационална, дури, ако така се сакало, е уништена со тоа што е непресметливо изнасилена. Тоа се гледа веднаш, со што веста губи и на тежина и на значење, ниту, пак, може да делува врз јавното мислење. Дури може да предизвика такви реакции, кога медиумот ќе објави целосно вистинита, вест да не ѝ се верува.

tepacka na Romi

Линк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Под притисок од ВМРО-ДПМНЕ Роми се степаа кај Зелено Пазарче!

Датум и време на објавување: 12.03.2014, 21:55

Датум на рецензирање: 13.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КАМЕРАТА САМО КАКО АЛИБИ

Оние вести кои имаат и видео поткрепа во голема можност се оценуваат како вистинити. Одлично е кога новинарот она што ќе го напише, ќе го поткрепи и со видео снимка. За жал, повторно во оваа вест тоа не е правило. Камерата служи само како алиби. На снимката навистина се гледа тепачка, но друго нешто не може да се заклучи само од дадениот материја. Дури на авторот може да му се препише и верска, расна и национална дискриминација, затоа што нема ниту еден податок дека ликовите во приказната се Роми. Целиот текст се базира на претпоставки. Претпоставки дека се тепале поради политика, претпоставки дека се Роми…

Од овој пасус не може да се заклучи дека навистина постои извесна Џеврие, освен да се заклучи дека е искористено најпознатото име кај Ромите, употребено во вицови и сериски филмови.

– Секојдневно се соочуваме со притисоци од страна на владеачите активисти, не може веќе да ќутиме, кусо ни рече вознемирената Џеврие.

Затоа слободно може да се заклучи дека текстот навредува една цела популација, што не е добро ниту за новинарството, ниту за кревкоста на државата во која живееме. Згора на сѐ, тој се расфрла и со поими како „репресирани“, „уценувани“ и слично, но во текстот не може тоа се потврди.

Може да се забележи тепачка, која е некаков извор на информација. Сепак, таа би била извор на информација која би останала само како вест од типот „Се степаа момчиња и девојки кај Зелено пазарче“ и ако тука застанела. Сето понатаму, па дури и цели пасуси, се очигледно измислени. Или, пак, црпат „вистинитост“ од случајни минувачи:

Настанот се случи околу 12 часот, при што интервенираа случајните минувачи за да ги раздели незадоволните Роми. Полицијата не уапсила никого, затоа што „немало физички напад“, во тепачка во која учествуваа петнаесетина луѓе.

 

ЛЕСНО НАВРЕДЛИВ ТЕКСТ

Нема факти, нема докази со што би се поткрепила приказната и насловот на текстот. Вака останува текст кој се труди да биде тенденциозен. Не може еден текст да се темели само на случајни минувачи. Посебно ако во текстот се потенцира изјава, но таа изјава ја нема и во снимениот дел.

Политички пристрасен текст, кој може да биде и лесно наврдлив за тие за кои се однесува. Изобилува со коментаторски опаски, кои иако се краткотрајни или дел од реченицата, се многу опасни и уште повеќе го засилуваат впечатокот на измисленост. Инаку, се гледа дека делото е оргинално, направено редакциски и поткрепено со снимка, само уште напишаното да беше вистина.

Насловот е сензационален ако се сакало во тоа да се успее. Тој успеал во намерата, но најверојатно нема да успее да му се верува до крај. Фотографијата е од самиот настан, што значи дека е во контекст на текстот и целта која се сака да се постигне.

Вест која можела да ја отслика реалноста, па дури и социјалната слика во Македонија, се уништила само поради пуста желба. Ова е пример како може емоцијата да уништи инаку навистина сензационална вест. Со наслов како „Во центарот на Скопје имало тепачка“ би била пример на вест за почит, кога новинарот на лице место и тоа документирано, го направил текстот. Но, со додавки и придавки со политичка конотација вест не се прави.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

расна дискриминација, социјална

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести