verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Убиен опозиционер, застрелан на улица додека шетал со жената

on 7 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Убиен-опозиционер-застрелан-на-улица-додека-шетал-со-жената-Сител-Телевизија-crop-resize

 

Насловот на овој текст, во кој се испуштени клучни податоци, како, на пример, земјата во која се случил настанот или името на опозиционерот, има цел да го наведе читателот на погрешен заклучок. Тој, исто така, содржи и погрешни информации, односно се вели дека опозицинерот бил со својата жена во моментот на убиството.

Убиен опозиционер  застрелан на улица додека шетал со жената   Сител ТелевизијаЛинкуван наслов на анализираниот напис: Убиен опозиционер, застрелан на улица додека шетал со жената

Датум и време на објавување: 27.02.2015

Датум на рецензирање: 04.03.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Во услови на политичка криза во Македонија, кога опозицијата на чело со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги објавува т.н. „бомби“, а Владата на чело со премиерот Никола Груевски поднесува кривична пријава за организирање државен „Пуч“, во која е опфатен и самиот Заев, многу е лесно да се манипулира со читателите.

За да се привлече што поголема читаност, медиумите објавуваат вести со сензационалистички и со нејасни наслови. Таков е примерот и со овој текст, чиј наслов го наведува читателот на погрешно мислење.

Секој што ќе го прочита бомбастичниот наслов „Убиен опозиционер, застрелан на улица додека шетал со жената“, логично би помислил дека тоа се случило во Македонија и веднаш би кликнал на насловот за да види кој опозиционер го убиле. Но, сепак, текстот говори нешто друго. Станува збор за рускиот опозиционер и критичар на претседателот Владимир Путин, Борис Немцов.

Попрофесионално би било кога во насловот би се навело местото каде се случило убиството, во конкретниов случај Москва, или, пак, името на убиениот опозиционер, Борис Немцов.

Насловот на овој текст би требало да звучи „Убиен опозиционер во Москва“ или „Убиен рускиот опозиционер Борис Немцов“.

Информацијата содржана во насловот, пак, дека опозиционерот бил со својата жена во моментот на убиството, е погрешна и недоследна. Во текстот подолу „жената“ е заменета со „женско лице“.

„Убиството се случило во близина на Кремљ додека Немцов шетал во друштво со женско лице.“

Всушност, Немцов бил во придружба на својата девојка, украинската моделка, Ана Дурицкаја.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести