verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од „петни жили“ се брани омилен политичар

on 4 - 10 - 2015       

Kej-trajanovski-zernovski-skrinshot-final-crop-resize

 

[Рецензија: Трајановски ги демантираше манипулациите на Жерновски: Кејот кај ГТЦ нема да биде транспортна улица]

 

Пред нас имаме нагласено пристрасен напис кој од „петни жили“ се труди да го одбрани градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Всушност, текстот изгледа како да се става во улога на „адвокат“ на Трајановски,  истовремено фрлајќи „дрвја и камења“ по градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

http___www.kurir.mk_makedonija_vestЛинк до оригиналниот напис: Трајановски ги демантираше манипулациите на Жерновски: Кејот кај ГТЦ нема да биде транспортна улица

Датум и време на објавување: 30.09.2015, 14:26

Датум на рецензирање: 01.10.2015

Рецензент:  Оливера Војновска

 

А ПРЕСОТ НА ЖЕРНОВСКИ?

Нападите кон градоначалникот на Центар почнуваат уште со тендециозниот наслов – во кој се тврди дека се работи за „манипулации на Жерновски“, а потоа се нижат критики и низ целиот напис.

Паѓа в очи тоа што текстот се потпира само врз изјавата на Трајановски, која е точно пренесена. Но, неговиот настап, фактички, е одговор на прес-конференцијата на Жерновски, која, пак, е невидлива во текстот.

А, на оваа прес-конференција тој информираше дека:

„до општинскиот Совет доставил одлука за забрана на градежни активности во опфатот помеѓу реката Вардар, улица Вовјвода Васил Аџиларски, улица Димитрија Чуповски, улица Македонија, Плоштад Македонија и Камени Мост.“

Така што, имаме една нелогична ситуација, во написот ја има реакцијата на прес-конференцијата, а не е пренесен ниту збор од самата прес-конференција!

Меѓутоа, овој политички некоректен материјал воопшто немал намера да ја опфати и втората страна (Жерновски), туку да ја нападне дека шири „лажни обвинувања“ и:

„во трка по политички поен плус манипулира со најавите за градба на улица на Кејот на Вардар.“

 

КОЦЕ – ЧИСТ КАКО СОЛЗА!

Текстот е така правен да ја релативизира изградбата на улицата на Кејот 13 Ноември кај ГТЦ, при што креира перцепција дека Жерновски го напаѓа скопскиот градоначалник само од политички побуди и без никаква друга причина:

„Тој (Жерновски) пред граѓаните претставува слика дека таму ќе се гради транспортна улица, а вистината е дека Кејот кај ГТЦ ќе стане модерно уреден простор под посебен режим со бекатон плочки.“

Понатаму во написот  се нагласува и дека за оваа пристапна улица  „нема да се издвојат средства од градската каса туку се работи за приватен инвеститор“. Сепак, не се посочуваат многу други моменти за да можат граѓаните да добијат појасна претстава за целиот случај.

Така, на пример, не се кажува дека улицата со посебен режим на сообраќај (како што одлучи Советот на Скопје на 22 септември 2015 година), ќе  се протега од улицата Филип Втори до зградата на „Телеком“. Дека таа ќе биде наменета за потребите на новите згради на плоштадот Македонија, но и за тие околу плоштадот. Дека деновиве реагираа и сопствениците на угостителските објети на кејот. Дека, според првичните планови, улицата требаше да биде подземна, а потоа со промени на деталниот урбанистички план „Мал ринг“ (во 2012 година) таа стана надземна. А, исто така, не се споменува ниту тоа дека приватниот инвеститор на улицата е компанијата „Дивелоп груп“ – инвеститор и на зградата во која е сместен „Телеком“.

И, несомнено, ваквото внимателно дозирање на информацииите не се прави случајно, туку за да се претстави градоначалникот на Скопје „чист како солза“!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести